На возила со 28000 и 4500 километри да се оценуива релијабилити не може.
Кога веќе спомна препораки за сервисен интервал од произведувачот дали тоа значи дека на возилото со 28000 сеуште немаш направено мал сервис бидејќи сервисниот интервал е на 30к?
И за крај коментар и за делот колку ми е убава колата.
И јас го имам истото мислење за кадетот колку ми е убава колата но кога седнам да возам 1.0 мотор си е 1.0 мотор и на угорница возењето станува мачење.
Никој не оценува него јас споделив лично искуство за доверливост на мотори кои се продадени во билионски тираж.
Пред да реплицираш и трескаш глупости, отвори корисничко упатство или сервисна книшка и прочитај што пишува во неа.
Сервисен интервал по препораките на производителот е 1 година или 15000 поминати километри, што поскоро ке дојде.
Јас до сега на моето возило имам направено 1 контролен сервис на 1500 км и 3 редовни сервиси согласно сервисна книшка.
Мал и голем сервис не познавам него читам што се менува на 15к, 30к, 45к, 60к итн, или 1, 2, 3, 4, 5, 6 итн години.
За тоа како ќе го оддржуваш возилото, така и ќе те служи.
И за крај муабетот е ако навистина УЖИВАШ во кадетот што треба да е олд тајмер и има мотор од 1 литар, нема никогаш да се секираш зошто не влече на узгорница, него ке ти представува задоволство да го возиш. Ама очигледно имаш погрешна перцепција за работите во природата.
Убаво што се потруди да дадеш мислење од лично искуство, ама 30к километри не се никаков репер дека каиш треба да е потопен во масло.
Хибридните верзии веќе не доаѓаат со каиш туку со ланец. Значи си ја сфатиле грешката.
Sent from my A001LG using Tapatalk
Јас сум корисник и сега за сега сум задоволен. Има корисници кои имаат коли со поминати 150 000 км и повеќе од тоа, а не се пожалиле дека им се случил било каков проблем со овие мотори.
Но како што реков, има корисници кои се сретнале со таков проблем.
За жал до сега никој од нив не кажа како ја одржувал и дали ја одржувал колата согласно препораките на производителот.
За промената на концептот од каиш на ланче, одлуката е на дизајнерите. Секако дека има некаква причина но не значи дека претходната генерација не е добра или па дека ке има гаранција дека новиот концепт ке биде подобар. Времето ке покаже.
И на крајот на краиштата.
СЕ Е КУП ЖЕЛЕЗО и столи ме бојко дали има или нема проблем со мотор или не, важно ми е преубаво и уживам додека се возам и секое седнување возење ми е радост.
Нека рикне ако сака све, здравје нека има. Ке се купи ново пак.
п.с.
- Морам да го пофалам сервисот на Еуро Импекс во однос на корисник-сервисер, цена на услуга и резервни делови
- Истото би го нагласил и за сервисот на Автонова и односот на вработените во салонот.