До толку гумите играат улога? Доколку не ставите "препорачани" ќе има некој проблем со автомобилот, или чиста кражба од бенве е?
@nikola98 ова е добро прашање и мора да се разглоби на два дела:
1. Како работи иксдрајвот
2.Дали БМВ оем со * или афтермаркет гуми
иксдрајвот за разлика од други системи нонстоп е „укључен“ па така секоја разлика помеѓу вртежите/обемот на тркалта ги израмнува за да силата се распредели рамномерно, и како што напиша Марјан имаш два диференцијала напред и назад плус иксдрајвот.
исто така е во право кога вика дека мора уље по спецификација тука ја би бил построг и би рекол само оригинал БМВ дтф без експерименти.
за диференцијалите не е толку страшно може и Равенол, али за иксдрајвот само оем БМВ Дтф.
За километрите поминати макс. 40 до 50.000, што е негде 30 до 40к мајли и е потврдено од америчкиот пазар каде е најзастапена х5ката, каде бмв има веќе изададено булетин сервис ноте за Г моделите.
Ако е оптеретена на пр се влечи приколица, се вози често по угорници (Плетвар/Стража), се вози спортски, итн.. сигурно 30 до 40.000км
Нормлани услови до 50.000 макс.
Самиот иксдрајв има вметната фабричка толеранција, и е негде 1% до 1,5% разлика во обем*рпм на тркалата.
за димензија 265/50/19 2288мм*1% се 22,88мм
што значи толеранцијата е многу мала одприлика 2 до 3 мм разлика напред/назад во профилот, што значи гумите мора да се менуваат на одредено време напред/назад за да се одржи слична разлика на профилот.
Така да тука влијаат напумпаноста и профилот на гумата колку месо има на нејзе таа комбинација ја одредува разликата во обемот.
Така да на иксдрајвот му е гајле дали гумите се оем или афтермаркет сензорот за обртаи праќа сигнал од секое тркало.
Значи прашањето е делимично одговорено дали треба бмв оем гуми ? не, не се присилно потребни.
2.дел:
-Зошто сепак се препорачуваат бмв оем гуми?
па најбитно пред се е дека доколку гумите се оем бмв купени едноставно бмв гарантира дека сите проблеми и грешки што би произлегле последоватолно од иксдрајвот се покриени од нив, не може да ти ја затворат вратата и да речат јебига се расипа попрај си го, нормлано ако се прописно користеи длабочина на профилот итн...
-можеби и поважниот дел е дека бмв кога вади нов модел како на пр. што беше во 2018 со Г05, пред да дојде моделот на виделина во позадина се тестираат веќе разни мешавини на гуми базирнаи на информации на производителот, бмв праќа спецификации до пирели,бриџстоун,мишелин и им вика колата ќе ја произведувам во таа димензија, таа тежина со тие мотори ќе ја нудам со тие и тие димензии и сакам гумата да ги има следните својства во димензија
19 инча 265/50/ сакам сетап: комфорт 5*, кочење на мокро и суво 4*, грип 3*, акустика 2*, еко 1*
во 20/21/22 инча сакам спортски сетап пошто лудаците што возат вмакс на дојче аутобан и тјунираат во овие фелни ја зимаат:
кочење на мокро и суво 5*, грип 5*, комфорт 3*, акустика 2*, еко 0*
во димензија 18 инча (фабричка): комфорт 4*, кочење мокро и суво 4*, еко 4*, грип 3*, акустика 0* зошто тука еко 4*? да се намали потрошња, издувни гасови, итн... еколошки гуми за да не се плаќаат даноци, пенали итн, обично оваа е стандарден корпорејт сетап каде фирма купува стандард фелна/гума каде што даваат поголеми дискаунтс и со тоа намалуваат издувни гасови.
да речеме имаш 15 ѕвездички да поделиш по категории... глуп пример знам ама одприлика тоа така иде.
Плус што е и најбитно обемот на гумите на сите 4 кога ги купуваш мора да има некоја најминимална производителна разлика што е машински можна, па така гуми со оем бмв * од мајка се произведуваат поригорозно со индивидуална мешавина на гумата по бмв спецификација.
и кога тоа ќе се дефинира, тестира, извози, довози, утврди и закотви тоа иде у продукција целиот циклус на возилото од 2018 до 2026, цели 8 год штанцаат они тој микс на гума се додека бмв не им се јави и им рече слушај ваму у 19 инча нон ранфлет од Мај 2023 ке бапнеш поише ова или она.
Или како што му се случи на Бриџстоун едноставно ги извадија од програма за Г65 ги ставија Нексен. Мислам дека и Јокохама ги извадија за Г65.
Ама пак затоа за ХМ само пирели и јокохама имаш оем.
Така да тоа е одприлика како тераат производителите, па сериската афтер маркет гума и оем моделот изгледаат исто на лик ама може да имаат различни особини зависи како бмв ги предвидела во нејзиниот сетап. Нормално сето тоа има граници до каде може да се оди на пр. Мишелин или Пирели нема на пр од еден модел како пзеро или пајлот спорт да направат комфорен сетап поради имиџ на таа серија.
Е сега тука доаѓа и технолошкиот фактор на пр. за х5ката серија Г05 каде што колата е од 2,2 до 2,5 тона тешка тука најмногу се битни страничните ѕидови колку они би издржале како би се понашале во кривини, брзини итн и колку енергија гумата ќе праќа на подвозјето.
колку е тој зид помал толку и покрут станува па така поголеми димензии пренесуваат и погелама енергија на шасијата ама па и се подиректни.
Сите тие кинески ниско технолошки гуми тука ја губат битката, бидејќи баш конструкциајта на тие ѕидови не може да се носи со премиум гумите.
дизајнот на шарата и мешавината на гумата до негде можат да се изведат ама внатрешните материјали и производство на страничните ѕидови се дизајнираат спрема перформансите на моделот на пр тежина поише арамид и поригидни ѕидови помалку ќе љуља у кривини ама пак губи на комфор, послаби ѕидови поише љуља ама пак гумата ја абсорбира енергиајта помалку вибрации у шасија и овес. значи има тука цаки, ако гумата се дизајнира покомфорна тогаш мора други работи да се оптимираат да остане перформансот во рамки на спецификациите на бмв.
е тоа во афтермаркет го нема, таму добиваш еден универзален сетап тестиран на нордшлајфе и тоа е тоа ил че ти се погоди ил не.
па така сигурно и секој од вас досега приметил дека различни гума различно возат на ист модел на кола.