Вчера во Велес го запознав
@DimitarMK, дојде за дијагностика и решавање на проблем на ПХЕВ Возило па додека беше со опремата ми направи и мене тест на батерија и целосна детална дијагностика на возилото.
Само пофалби за Димитар, страшно разбирање во ПХЕВ Возила и оригинална дијагностика за истите. Се изненадив позитивно од стручноста и методиката.
Дојде за решавање на проблем на 330е кое од првични проценки на дефект во X илјади евра, испадна дека треба да се смени 12V 70AH акомулаторот (9000 денари) и да се искодира истиот.
Еве го и сертификатот за мојата батерија. Освен сертификатот ја проверуваше и напонската разлика помеѓу секоја келија како и уште многу други тестови, али се на се презадоволен, што би рекол еден почитуван член кој веќе не пишува толку

