Нарачав "ролетни" од Sunpro Србија. Тука ги видов како препорака на форум а малиот господин што се вози позади се буни на сонцето како вампир иако имам фолии.
Нарачав штитници од сонце за задните прозори и за задното стакло ама откако ја направив нарачката ми рекоа дека не можат да ја изработат за задното стакло, не ми кажаа зошто.
Како и да е, баш сум задоволен. Се монтираат со метални држачи кои се ставаат под кедерот и се си легнува убаво. Ставив по четири држачи и супер е, нема мрдање и баш е стабилно дури и со целосно отворени прозори. Изработени се по модел, лежат супер на прозорот. Тоа што е најбитно е дека веќе немам кенкање заради сонцето



