Автор Тема: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance  (Прочитано 2740 пати)

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« на: 07 Октомври 2024, 16:53:23 pm »
Здраво на сите,

После некое време луркање по форумот се решив да го скршам ледот и да се претставам со мојот автомобил.
Во прашање е Шкода Суперб 2011 год со Elegance опрема. Код на мотор: CFFB. Колата ја земав на 22.11.2023г.
Ми направи мерак опремата на колата и што имаше документација на фабрички додаток(dealer add-on) АБТ моторен компјутер и H&R спортски спирали(кои за жал вториот газда ги има извадено во Швајцарија).
Од опрема поседува:
-Греачи на сите 4 седишта.
-Шифтери на волан
-Панорамски кров
-Еуро 5 кука
-Електрика на предни седишта и меморија на возачко седиште.
-AFS адаптивен би-ксенон
-Фабрички затемнети задни стакла и завеси
-Греачи на предна и задна шофершајбна
-Skoda Sound System со фабрички ДСП и додадни звучници (Топ озвучење за мој вкус)
-Навигација и говорни команди на радиото. итн.

Слики во прилог брзо од како ја земав колата:
« Последно менување: 07 Октомври 2024, 20:49:00 pm chewmano »

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #1 на: 07 Октомври 2024, 16:56:09 pm »
Колата на 09.01.2024г 211000км Доби Сервис на менувач и промена на внатрешни зглобови на предни полуосовини.
Зглобови 2x2500ден. 1J0407363E
Уље и филтер DSG Феби 171762
2500 работна рака кај пријател.

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #2 на: 07 Октомври 2024, 16:59:12 pm »
на 23.01.2024г. 213612км промена на Уље и сите филтри со нова задна карданска гума.
5300ден Уље Castrol 5w-30 5l и комплет сите филтри.
7000ден Карданска гума
400ден Работна рака.

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #3 на: 07 Октомври 2024, 17:16:44 pm »
На 28.06.2024 221791км промена на уље и комплет филтри
4600ден. 4л Уље Castrol 5w-30 и филтри
300ден. работна рака.

На 01.10.2024 229000км промена на замаец и нови спирали H&R.
452Eвра нарачка од Autodoc. Замаец Sachs 2295 000 541-261Евро и H&R шпирали 29162-5 - 191Евро.
Работна рака за двете 250Евра.
07.10.2024 Нарачано ново поткрило лева страна и нова звучна изолација на крилото од Deluxe Auto Kumanovo 5100 поткрило и 700ден. звучната изолација.
Поткрило 3T0 809 957 D
Изолација 3T0 864 235
Слика во прилог. (Фелните не се за неа, привремено ги возам додека да ги средам нејзините фабрички)

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #4 на: 07 Октомври 2024, 20:31:10 pm »
Аууу колку опрема има шкодава  :o
Создравје да се вози, штета што во суперБ не ставаат 3.0 тди, тек тогаш ке биде лудница за малку пари.

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #5 на: 07 Октомври 2024, 20:48:12 pm »
Аууу колку опрема има шкодава  :o
Создравје да се вози, штета што во суперБ не ставаат 3.0 тди, тек тогаш ке биде лудница за малку пари.
Фала многу, колата ја земав „привремено“ додека да ми ја направат претхотната кола после сообраќајка (Пасат 2016), ама си остана и Шкодата и Пасатот, мене ми многу поубава за возење и подобра со опрема, нормално.
А за моторот, постои R36 верзија со VR6 3.6 мотор. Во литванија и овие соседни Европски земји може да се набави за 6-8 европски. Ќе излезе скоро колку мене оваа тука.  :D

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #6 на: 07 Октомври 2024, 20:50:33 pm »
Уште остана да се средат фабричките фелни (заварување на лице, исправање, diamond cut и фарбање) па нови гумичиња да се стават за до 15ти ноември.
Предлог сервиси? Значи фали на лицето на фелната и малку на ќошот материјал и сакам да се потполни све и да се направат тип топ.

Отсутен avocado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 105
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #7 на: 07 Октомври 2024, 21:20:17 pm »
Убав караван, стално го гледам низ Куманово 😁


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #8 на: 07 Октомври 2024, 21:30:10 pm »
Уште остана да се средат фабричките фелни (заварување на лице, исправање, diamond cut и фарбање) па нови гумичиња да се стават за до 15ти ноември.
Предлог сервиси? Значи фали на лицето на фелната и малку на ќошот материјал и сакам да се потполни све и да се направат тип топ.

https://turbomaks.com.mk/ треба да го прават сѐ ова што ти треба.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #9 на: 08 Октомври 2024, 01:52:33 am »
Дали бе караван кола ја спуште ? Добар си  :)

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #10 на: 08 Октомври 2024, 01:58:35 am »
Дали бе караван кола ја спуште ? Добар си  :)
Зашто да не? Колата беше како брод со 1870кг и на најмала кривина пливаше. Вака ем на лик поубава ем подобра возливост. Да кажеше дека сум спуштил џип па ваков коментар да добијам па да разберам..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #11 на: 08 Октомври 2024, 08:27:38 am »
Уште остана да се средат фабричките фелни (заварување на лице, исправање, diamond cut и фарбање) па нови гумичиња да се стават за до 15ти ноември.
Предлог сервиси? Значи фали на лицето на фелната и малку на ќошот материјал и сакам да се потполни све и да се направат тип топ.

Повели сервис:

https://www.instagram.com/team.brothers2022?igsh=MTllZHQxMW83ZXNobg==

Со здравје да си ја возиш колата, огромна е ама добар опремен примерок :)

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #12 на: 08 Октомври 2024, 10:12:19 am »
Уште остана да се средат фабричките фелни (заварување на лице, исправање, diamond cut и фарбање) па нови гумичиња да се стават за до 15ти ноември.
Предлог сервиси? Значи фали на лицето на фелната и малку на ќошот материјал и сакам да се потполни све и да се направат тип топ.

Повели сервис:

https://www.instagram.com/team.brothers2022?igsh=MTllZHQxMW83ZXNobg==

Со здравје да си ја возиш колата, огромна е ама добар опремен примерок :)

Им пишав малку соленко беше. Сега за сега они ми се на прва опција дека се многу добри. Ама боље фабричките да ги средам него некои кинези за тие пари да купам.
Фала ти поубава да си купиш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #13 на: 08 Октомври 2024, 10:23:09 am »
Што значи соленко, колку излегува по еден бандаж?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2011 Skoda Superb Combi 2.0 TDI 4x4 DSG Elegance
« Одговори #14 на: 08 Октомври 2024, 11:06:22 am »
Прекрасна кола, а и прекрасна одлука да ја чучнеш. Браво!