Автор Тема: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp  (Прочитано 74870 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #750 на: 29 Ноември 2024, 14:28:34 pm »
Тоа се случува најчесто кога ќе ти го исполираат делот наместо да го фарбаат,а ќе ти наплатат како да го фарбале. 😂😂😂

Фарбана си е вратата, ме мрзи да ставам видеа на јутјуб па да ги ставам unlisted па да ги ставам тука, али си добив видео од комора. Крилото предно е полирано, и тука запрел.

Не можам да сфатам, за една педа штета кај задното тркало, исфарба цел праг и заден панел, и ја исфарба и вратата да не дели за секој случај?

Да, така направив, зошто наспроти популарно верување дека мајсторот те краде ако фарба и соседен панел, тоа е препорачана процедура низ развиениот свет ако сакаш да ти биде исто све на колата.

И последното прашање, дали не требаше и крилото предно да се фати ... пааа можеби и

Јас сакав и крило и браник да фарбам ради мали штети на истите, ама решив против ради финансии.

...

Не ти треба маж, ти треба мерач на дебелина на лак/боја. @dame мереше, пред 3 години и рече доста тенко фарбано, така да ако користиш квалитетни материјали како што користи овој, не глеам зошто би било полошо. Како и да е, ќе видиме :)

...

Мајсторот прво предложи да фарба на флека, и да лакира цел панел, така и го работел таму кај оштетеното. Вратата не ја ни спомна, јас си побарав зошто стварно не сакав да двои а сум дал пари за да средувам козметика.

Плус со фарбање на вратата се средија еден куп удари од туѓи врати, од удари на моја врата во туѓи врати..

Долготрајноста ќе ја видиме, или јас ако се фрлам во други животни инвестиции, или следните газди.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #751 на: 29 Ноември 2024, 14:43:46 pm »
Абе и вас крајо не ви се наоѓа, ако е направено како што треба, зошто е направено, ако е направено само колку да е направено, ќе речите фуш е.
Реално воопшто не се познава дали и што е фарбано, а тоа кошта.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1008
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #752 на: 29 Ноември 2024, 14:53:51 pm »
Абе и вас крајо не ви се наоѓа, ако е направено како што треба, зошто е направено, ако е направено само колку да е направено, ќе речите фуш е.
Реално воопшто не се познава дали и што е фарбано, а тоа кошта.

Сите муабети тука се такви. Ако не е добро, што си барал таму, а ако е добро, сигурно те заебава мајсторот. :)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #753 на: 29 Ноември 2024, 18:47:03 pm »
@MartinAlfista  Не се сомневам,чисто да се на шала беше пишан мојот коментар.
Предходно ти пишав,јас би фарбал само долу,ти си одлучи како шо си одлучи и тоа е тоа.
Вака на слика делува сработено топ,се надевам и во живо е така.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #754 на: 30 Ноември 2024, 00:15:27 am »
Одлично е офарбано вака на слики. Штом решиле и вратата, сигурно била изершетана од други врати на отварање, па кад је бал, нек је маскембал. Битно грдата вдлабнатина ја нема и одлично изгледа.
Фарбање е лутрија, колку и да е некој фален, бојата не зависи од него, него од тие што ја мешаат...И каква ти е среќата тој ден, таква ќе ти ја погодат бојата :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.