Јас би рекол - зошто да не? Нека има.
Има три погонски конфигурации. Основното е single motor, 272 коња и 51 kWh батерија. Одлични 5.7 до 100 и 344 км WLTP рејнџ. После иде истиот мотор, ама поголемата, 69 kWh батерија, 5.3 до 100, 480 км WLTP рејнџ. На самиот врв е оваа dual motor конфигурација која оди само со поголемата батерија.
Јас наааајверојатно би ја избрал средната конфигурација. Сосем доволно брзо, најголем рејнџ. Би го елиминирал сончевиот кров и би избрал скроз платнени седишта (без кожниот долен дел ако има опција). Би ги задржал големите тркала.
Не мора да се согласиме.
Од Дачиа ти дадоа интериер што е подобар во секој аспект на дизајн и изглед, објективно. Ти можеш до задутре да не се согласуваш. Единствено добро кај возилово е што апологисти ќе прават дебати по форуми и редити како ова е добро, не го разбирате вие дизајнот бла бла.
Прошло поред Тесла ова како прво, а како второ Тесла не се продава заради минимализам, туку заради илјада дополнителни софтверски опции (мод за куче, играње со волан итн итн) со кои ги фасцинира клиентите. Сигурно не шлапнале Андроид на таблет и рекле „еве ова е таман“.
Ама океј е тебе да не ти се допаѓа, субјективно. Искрено, ни мене не ми се допаѓа баш, ама ми е прифатливо. И јас сакам инструменти пред мене, а не да гледам на екран. Сакам и физички контроли за клима, не да буричкам по екран. Сакам многу работи, ама ете - трендовите се такви. На ова се навикнав прилично брзо, и најверојатно би се навикнал уште повеќе да го користам подолго време. Има работи кои ЦЕЛО време би ми оделе на нерви, ама па такви работи има на многу коли, вклучувајќи ја и мојата.
Од друга страна, мене па ич не ми се интересни Тесла Пувеж моментите. Али општо, не го сакам ни брендот, ни човекот позади него, ни трендовите кои ги наметнуваат. Ама тоа е скроз друга дискусија и не ме спречува да ги пофалам работите кои ги прават добро. Новата Модел 3 изгледа одлично.