Пред неколку години, некој пикап на Great Wall влезе во листа на потенцијални кандидати за кола на годината (со аргументот „јебига, ги исполнува условите“). Како дел од кандидатите, имав можност да го возам едно пола саат-саат, на патот од Камени Кукли накај Штип.
Да започнам од управувањето без никаква поврзаност со тркалата, никаквиот мењач и чувството дека колата цеееееееело време се љуља. Крајно нестабилно, дури и при нормални брзини во нормални кривини. Најискрено немав храброст да бидам поагресивен.
Едвај чекав да ја сменам колата. Се убацив во Дачиа Лоџи, и после кинесконо ѓубре - жив среќен!