Инаку единствен одобрен уред од Opel кој се користи во нивните возила и се прави во фабрика е Landi Renzo Omegas. Немој да мислите дека фабричкиот инсталиран плински уред го користи оргиналното ECU и слично.
Тоа е кит прилагоден за тој тип на возило (должина на црева, жици, одредени позиции на прицврстување), додека компјутерот е ист како и универзалниот Landi Renzo Omegas. Предноста е што гаранцијата си важи од старт, копчето за плин е фабричко, интегрирано на централната конзола, и покажувачот за бензин, покажува и количина на плин. И секако целата инсталација е многу поубаво изведена.