Повисока класа значи поголема безбедност, комфорт, подобри возни својства и слично.
Доколку поголемата класа е купување возило на метро купувањето некое мизерно возилце со фулл опрема е купување возило на кило. Џабе ми е опрема кога основната намена на возилото не ми ги исполнува основните потреби..
Што ќе ти направи повеќе комфор? Платнени седишта со гумен волан во Hyundai I30 или алкантара седишта со греачи и кожен волан во Поло или Фиеста?
И како тоа Фиеста или Поло не ти исполнува основни потреби, а Hyundai i30 ти ги исполнува, ако ти е возило за низ град или за низ Мкд, и немаш 4 деца?
Кои се тие потреби? Исто подобро е за маневрирање , паркинг и слично со помалата кола во однос на поголемата.
Што се однесува до безбедноста поголема кола е побезбедна се слагам. Ама па колку и дали е побезебдно И30 во однос на Фиеста?
А гледаш јас се чудев, како тоа се нудеше Hyundai IX35 SUV со гумен волан, и без ништо од опрема, односно кој воопшто би го купил тоа? (Чинеше 16500 еур за Бензинец. Кога ставив нормална опрема и нормален мотор, дојде нешто 25000-26000 еур што дефинитивно не вредеше). Ама за некој што би купил кола на метро, би купил ваква гола IX35, за да може да се пофали пред комшиите дека ете вози голема кола.
Од Hyundai до сега најдобра понуда имаа за Hyundai IX20, што доаѓаше со релативно ок опрема, и се нудеше за 10990 еур, со право да пребиеш ддв ако го зимаш на фирма (што значи 9300 еур).
Тоа е до сега најдобра понуда од нив (за жал траеше еден период, после ако не се лажам го поскапија).
Дарко
Доколку сакам луксуз како што пишав погоре ќе си купам MiTo, Fiat 500, Giulieta, Siroco, Mini итн. Овде падна споредба помеѓу i30 и Fiesta каде Titaniumot се наведе како пресуден во "дилемата".
Фиеста е возило кое во Скопје најчесто се користи како доставно мини комерцијално возило, најверојатно 50% од продажбат отпаѓа токму на овој сегмент. Аналогно на тоа Фиестата може да биде подобар избор од i30 само доколку во Титаниум идат и две германки чисто за масажа уз вожња.
Стандардот на минималната опременост во компкатната класа е на повисоко ниво отколку кај малите градски возила. Од аспект на мобилност i30 не ми представува посебен проблем за возење со оглед дека имам возачка подолго време.
Според мене едини кој купуваат возило на метро се сопствениците на Сув возила кој 80% ги користат во урбана средина..
Е сеа и ти

Доставна Фиеста купуваш ако ти треба возило за достава..Ние овде збориме за патнички возила.. Па дури и да купувам доставно возило кое јас ќе го возам, ќе гледам да има опрема што би уживал колку толку во возењето.
Ако ми треба возило нормално, купуваш патничка верзија со 5 седишта, и со соодветна опрема за да уживам во нејзе. Пак ќе се повторам. Опремата внатре прави да уживам јас, а не комшиите. И не ми одговори.. Што има врска што марка е на колата и дали е Ауди или Алфа или Дачија? Опремата сепак игра улога во начинот на доживување на возилот.
Ти прави повеќе уживање и комфор Кожен волан или гумен?
Алкантара седишта со греачи или платнени?
Повеќе сакаш зимно време да стругаш стакла, или да притиснеш копче што ќе ти одмрзни ретровизори плус стакла за 30 секунди?
Повеќе сакаш да се нервираш кога ќе ти пушти некој дугачки или да не ти пречи тоа со самозатемнувачки ретровизор?
Повеќе сакаш светла што нема да ти светат како треба, или фабрички ксенон?
Ако алудираш зашто имам СУВ, па да речеме дека ги исполнува моите потреби и хобија (се сеќаваш.. возам точак, исто и девојка ми, скијаме, мкнам понекогаш појачала што бара голем гепек...). Исто два пати годишно возиме големи дестинации низ Европа (да речеме 5000-10000 км за месец дена).
Инаку се слагам дека не е погоден за низ град и ми е преголем и прегломазен. Од таа причина купив помало возило, кое што кога е на располагање дефинитивно за низ град го бирам пред ЦР-В то (не можам на ред да дојдам од девојка ми).
Инаку имавме HONDA HR-V како второ возило, и бидејќи ни беше преголемо за намената го продадовме и купивме помало.
Ама и тоа градско мало возило има елементарна опрема што ми праи ќеиф и комфор (команди на волан, магленки (баш добро дојдоа кога беа магливе пред некој ден), AUX приклучок, 4 аирбега....).
Истово помалово возило го користиме и за до Солун, за до Охрид. Ама за долги релации ме заморува во однос на ЦР-В то. Ако воопшто немав потреба да мкнам точаци и скии, и ако воопшто не патував на подолги релации, немаше да купам ЦРВ.
Дарко