Повисока класа значи поголема безбедност, комфорт, подобри возни својства и слично.
Доколку поголемата класа е купување возило на метро купувањето некое мизерно возилце со фулл опрема е купување возило на кило. Џабе ми е опрема кога основната намена на возилото не ми ги исполнува основните потреби..
Што ќе ти направи повеќе комфор? Платнени седишта со гумен волан во Hyundai I30 или алкантара седишта со греачи и кожен волан во Поло или Фиеста?
И како тоа Фиеста или Поло не ти исполнува основни потреби, а Hyundai i30 ти ги исполнува, ако ти е возило за низ град или за низ Мкд, и немаш 4 деца?
Кои се тие потреби? Исто подобро е за маневрирање , паркинг и слично со помалата кола во однос на поголемата.
Што се однесува до безбедноста поголема кола е побезбедна се слагам. Ама па колку и дали е побезебдно И30 во однос на Фиеста?
А гледаш јас се чудев, како тоа се нудеше Hyundai IX35 SUV со гумен волан, и без ништо од опрема, односно кој воопшто би го купил тоа? (Чинеше 16500 еур за Бензинец. Кога ставив нормална опрема и нормален мотор, дојде нешто 25000-26000 еур што дефинитивно не вредеше). Ама за некој што би купил кола на метро, би купил ваква гола IX35, за да може да се пофали пред комшиите дека ете вози голема кола.
Од Hyundai до сега најдобра понуда имаа за Hyundai IX20, што доаѓаше со релативно ок опрема, и се нудеше за 10990 еур, со право да пребиеш ддв ако го зимаш на фирма (што значи 9300 еур).
Тоа е до сега најдобра понуда од нив (за жал траеше еден период, после ако не се лажам го поскапија).
Дарко