Да, не даваат попуст под дифолт...
Но со оглед на тоа колку возила продаваат во моментот и со колкави маржи одат нашиве салони за возила, прво ке ти глумат лудило како они не можат да спуштат под таа цена итн итн...
НО....Велам НО, ако им извадиш туце пари, очите има да им се ококорат како 5 банки, + им викаш дека си дојден по возилото, со кеш во раце, а ако не сакаат да дадат, одиш кај друг продавач, пример цитроен, каде што за парите ке добиеш + и незнам што...
Тоа е ефтин трик кој до сега има запалено пред мој очи во набавка на ново возило 3 пати...
Еднаш во ОПЕЛ, пред добри 10-тина години, Сузуки - Максима, исто така одамна и Сеат -Ибица...
Па они нека не даваат попуст...
Гладното око за снопчето пари си го прави своето...
Ти им велиш ке го дадете со попуст за 11000?
Они ти викаат, неееее, 13 и ке ти дадеме гратис фелни и зимски гуми...
Вадиш снопот од 11 илјадарки и им ги броиш пред очи...Викаш, жал ми е, имам 11, одам во цитроен, таму ке пазарам...И да, не ми треебаат гратис гуми и бандаши, ниту па навлаки за седиштата...
Догледање, за едно 10 години, можеби тогаш ке се премислите за попустот...
Да плаќаш на лизинг, мизинг, рати, ПМ и така натака, горе напишаното не важи...