Да речеме дека не е попуст, него да го наречеме флексибилна цена.
Пример 1 - Доаѓа Особа Икс. Особа Икс не се ценка. Особа Икс добива највисока можна цена и ја купува колата по таа цена. Можеби Особа Икс добива попуст од 150-200 евра „само за него“.
Пример 2 - Доаѓа Особа Ипсилон. Особа Ипсилон се ценка, и на крај добива попуст од 1000 евра. Пак, тој попуст е „само за него“.
Пример 3 - Доаѓа Особа Зед. Особа Зед знае некого кај импортерот, ги знае реалните состојби. Особа Зед добива најниска можна цена, бидејќи или е пријател со некого, или едноставно продавачите знаат дека џабе ќе го дриблаат. И во оваа ситуација, импортерот има здрава заработка. Повторно, попустот е „само за него“, со одредена доза на вистиност во оваа ситуација.