Па донекаде да, но мислам дека кај новата Астра, во било која изведба, маката и е во тежината. Астрата во било која изведба споредена со споредлив конкурентски модел е потешка од 150 до 250 кила, и веројатно тоа е причината зошто е толку спора.
Спореди ги декларираните вредности на Астра Х и Астра Ј: новата со ист мотор (1.7 ЦДТИ со 110кс) има помала крајна брзина, до 100ка забрзува поспоро за 1-2 секунди, но има подобра(помала) потрошувачка за 0,5-1,5 литри. Чудни бројки, но како и да е, новата Астра е ПРЕтешка, и затоа е толку тромава.