Кога веќе спомнавте плин на турбаш, еве Алфа во понуда има ист мотор еден на Бензин другиот на Плин:


Скоро идентични, со разлика што LPG е поспор за 1 секунда и незначително повисока потрошња.
Исто прееска повторно добив инспирација за Џулиета од комшиската бисерно бела па ми текна и на еден добар тест:
Денес бев во салонот на Алфа за да ја разгледам новата Џулиета, онака од чиста љубопитност. Најмногу ме интересираше внатрешноста бидејќи надворешноста благодарејќи на еден комшија кој пред некое време ја купи, ја изанализирав ни јас не знам колку пати, а за дизајнот немам зборови - рака на срце оваа што е у маало е бела и барем според мене што и да пројде покрај неа на улица изгледа во најмала рака смешно (мислам на компакт класа а богами и пошироко).
Е сега наинтересното е што дечково у салон ме прашува дали сакам пробно возење какво ли само прашање, нормално треба да си луд да кажеш не неќам.
Зимам ја возачката, а кога ми рече дека ќе ја возам и кај обиколницата се вратив у кола да го земам и картончето со мојата крвна група - за секој случај сепак станува збор за Алфа. Е добро сега тест возилото не беше со ѕверските 170 или 140 кс под хауба, имено тест возилото беше со 1.4 16v TB и “скромни“ 120 кс.
Рутата беше од салонот па накај Ѓорче, па на обиколницата, искључување кај патот за Приштина и по магистралата назад у салон.
Значи колава ја испробав во сите можни услови - од типична градска вожња, па се до 200 км/h по обиколницата. Притоа впечатоците се скромно кажано ОДЛИЧНИ. Ме изненади еластичноста на моторот, на пример у 4-та го спуштам на безмалку 30 км/h стискам педала и без никаков проблем повлекува без “з“ од закашлување (бесполезно е после ова да објаснувам како се понашаше у 3-та или 2-ра брзина). Понатаму за прв пат возам кола со стоп-старт систем (кои можеш и да го исклучиш) и стварно ме воодушеви, застануваш на семафор, мењач у лер, пушташ кумплуг и си се гаси - се укључуе зелено стискаш кумплуг си се пали - мерак. Значи за возење низ град кратко и јасно ПРФЕКТНО (мал проблем ми правеше при тргнување Hill Holder со се се што иде со него како Brake assistant, итн ....што исто така за мене беше сефте искуство-ама се е навика).
Е сега најубавото обиколницата, кој проаѓал тука знае дека кога се вклучуваш на неа има нагорнина и онака намерно ја спуштив у 3-та на негде 20км/h пред да се вклучам на обиколницата која исто така во првите стотина метри откога ќе се вклучиш има блага угорнина, а сето тоа со една цел да видам како ќе се понаша овој 1.4 со своите “скромни“ 120кс. И што да кажам освен “експлозија“ од сила (имајќи ја во предвид коњажата), влече ко лудо, па ко за беља пред мене се појави едно Ауди А4 2.0 ТДИ кои исто така здраво го шибаше, му реков на типов само извини, ама ја ова мора да го поминам, намести тој на еден прекидач некој мод спортска суспензија или нешто слично... и за кратко 200 км/h, а и да не заборавам тогаш приметив дека Алфава имала и ретровизор, чисто само за да го ѕирнам Аудиво како изгледа од напред. Инаку кога го вклучи тој мод веднаш се почуствува значително затврднување на управувачот кое потпомогнато со мултилинк ослонувањето и 17-ките бандажи - едноставно плаче за Ибарска магистрала или возење по кањонине низ Морача. Инаку околу тие модови типов ми објасни дека има уште два едниот за низ град, а другиот во случај на дожд или така нешто..........и има уште многу да се каже како на пример потрошувачката беше негде на 9.5.......и слично, ама и сами може да заклучите дека импресиите ми се фантастични и доколку некој се мисли за ова возило со овој мотор, НЕКА НЕ СЕ МИСЛИ. А што ли се случува со посилните мотори неќам ни да мислам затоа што ќе плачам.
И да се вратам на почетокот околу ентриерот, НЕ ГО ПРИМЕТИВ - НЕМАВ ВРЕМЕ - СИ СЕДНАВ ВО ГОЛФОТ ВО КОГО ВРЕМЕ ИМАМ НА ПРЕТЕК, ПА ТУКА ЌЕ СИ ГО ГЛЕДАМ ЕНТЕРИЕРОТ.
п.с. Велат Алфа се купува со срце, а Голф со разум (го земам Голфов како пандан бидејќи тоа возам). И тоа е жива вистина и сега донекаде можам да ги разберам типовиве како мене, натепале години, не ти поклониле тато и мама кола, жена, деца, па ако заглавиш нешто у живот си викаш ај ќе го продадеш колку-толку ќе му извадиш нешто ......и слично (значи преовладува ај да речам разумот односно кога бирало срцето сум немал пари), ама дечкиве до максимум 30 год. поготово овие без никакви обврски, на кои тато и мама им купуваат коли кога ќе ги видам у Голф, Фокус и слично, не можам да им се изначудам на едно нешто, а тоа е и покрај разумот кои следствено на годините го поседуваат КАДЕ ВИ Е БРЕ СРЦЕТО.
Околу болдираното, ипак ја даваат на тест.