Автор Тема: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...  (Прочитано 600299 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
zippo го трупаат каналот youtube со глупости кој никој не ги гледа, башка лажење народот на големо.
Кога сакам да видам презентација на некое возило нема да пуштам да гледам од тие што го продаваат.

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
.
« Последно менување: 05 Мај 2012, 00:50:50 am zippo »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
  • French diamond
RENAULT CLIO BOLT 1.2 TCE 100 КС
 
Renault Clio BOLT 1.2 tCe 100 КС со турбо полнач: од 9.999 € // 617.938 ден.



http://www.renault.mk/akcii/2012-03/index.html#akcii02



Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3588
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 727
Хахаха добра реклама како и многу на Citroen :D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Бреј колку мн. била ефтина. T.e. e скапа уште!


Колку за споредба колега зема меган верт 1,5 за 14,000е без да побара дополнителен попуст пред 6м.
А да доби гратис патосници гумени :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29299
    • CARclub.mk
Во ред, но Citroen C4 > Renault Megane.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Citroen C4 =  Renault Megane   браќа близнаци.
Исти к** друго паковање.

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43426
  • Il Moderatore
Знам за c4 и 307 дека се браќа/сестри ама со меган се два различни универзуми....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
  • French diamond
Во ред, но Citroen C4 > Renault Megane.
;D ;D ;D За малце ќе погодеше. Ако судиш по цената најди Мегане Дци за под 15 000 евра, како шо е Ц4 - ката.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14073
  • Пудингот на шоферството
Од страна на дизајн/изглед(надвор/внатре) му давам блага предност на Ц4(зборувам за 4/5 вратната варијанта),за вградени материјали неможам ништо да кажам пошо немам влезено во Ц4,а моторите се горе долу тука...
Само незнам дали со овој Ц4 ке биде истата приказна како со предходниот,поточно со повеќето Цитроенови модели,кои од почеток ти се убави,а после тоа се досадни и неќеш да ги видиш
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
     Во првите два месеца од годинава во државата се продавани по 250 до 300 нови возила, што е најмалку досега. Тргнувајќи од овие бројки, увозниците на автомобили прогнозираат дека оваа година ќе биде најтешка за нив и велат дека овој бизнис е во тешка рецесија.

Увозниците на нови автомобили велат дека никогаш не било полошо. Тие информираат дека во салоните скоро никој не влегува, а ако се следи прометот што го оствариле во јануари и февруари, нема надеж дека до крајот на годинава ќе достигнат продажба од 4.000 возила, или прометот ќе им се сведе едвај на 20 отсто од тој што го имале во 2008 година, кога се продадени 18.000 автомобили.

Податоците на Царинската управа на Македонија покажуваат континуиран пад на увозот на нови возила. Во 2009 година се увезени 16.151 ново патничко возило и 10.574 употребувани. Во 2010 кога Владата дозволи увоз на половни возила со намалена акциза, продажбата на нови падна на 7.183, а на употребувани порасна на 51.399. Лани пак, од салоните се купени само 5.795, а од плацовите за стари возила 34.326 автомобили.

Импортерите сметаат дека токму владината мерка за поевтин увоз на половни возила е главна причина за десеткувањето на прометот со новите. Затоа, бараат да се изедначат стандардите за старите и новите возила, односно, и половните возила да не смеат да се увезат ако не се ЕУРО 4, како и новите. Според сегашната регулатива, најнизок стандард што треба да го имаат увезените половни возила е ЕУРО 2.

Причина која ги одвраќа граѓаните од влегувањето во салоните за автомобили се и кризата која го намали домашниот буџет, како и тешката достапност до банкарските кредити. Најновата статистика на Народна банка на Македонија покажува дека во јануари годинава вредноста на издадените автомобилски кредити на граѓани изнесувала 2.452.000.000 денари, што е за цела милијарда денари помалку отколку во 2009 година. Од 2009 година до сега автомобилските кредити се во постојано опаѓање, а сега поради кризата банките се многу попретпазливи и ги заоструваат критериумите за нивно одобрување.

Овие две работи според увозниците на нови автомобили се пресудни за крахот на нивниот бизнис. Некои од нив велат дека се подготвуваат да ги затворат салоните, а речиси сите го намалуваат бројот на вработени и веќе не прават промоции на нови возила. Според нив, пропаста на овој бизнис ќе значи затворање на околу 3.500 работни места, колку што работат во браншата увоз на автомобили, вклучувајќи ги и сервисите и другите придружни дејности.

Грците извезуваат стари возила
Додека кај нас половните возила се увезуваат, во Грција се извезуваат. Податоците на ЕУРОСТАТ покажуваат дека извозот на половни автомобили од Грција во последниот период пораснал за 400 насто. За тоа е виновна тешката економска криза, која довела до тоа скапи, скоро нови автомобили на пазарот да постигнуваат ниски цени, што пак, на извозниците им овозможила во странство да ги продаваат поскапо. Грчките дилери сега без посредници од странство ги продаваат автомобилите во Европската унија, Азија, Африка, а отвораат и нови пазари.

Поради катастрофално лошиот промет, кој паднал за 31 отсто, лани 20 отсто од салоните за автомобили во Грција биле затворени, а годинава најпродавани се малите економични патнички возила.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Нека јадат г*мна колку сакаат нашиве дилери. По која логика треба увозот да се ограничи на ЕУРО 4 кога до пред да се дозволи увоз на стари возила се возеа прастари југовци и кецови со ЕУРО 0 стандард.

Тоа што нема повеќе да се богатат како проано нека го решаваат на поинаков начин, а не повторно по грбот на народот.

Копиљаци...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29299
    • CARclub.mk
Немам ништо против увоз на половни возила, но додека увозот е добро регулиран. Извини, ама увозот на Еуро 0 и Еуро 1 (или колку и да беше) што го дозволија првите неколку месеци беше погубен. Се испоувезоа кршеви со по милион километри, во кујзнае какво стање, небезбедни, итн. Еуро 0 / 1 не е само загадување, туку тука има и стандарди за безбедност, итн. Го прибравме кршот на Европа, и уште плативме за тоа.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Veruvam deka na importerite im e tesko, 3ta godina kako prodazbata im e 3 pati pomala. NO, narodot ni e siromasen i se odlucuva za star krs, toa e realnosta. Od druga strana, neka podrazmislat malku importetie da vovedat normalni ceni za nivnite servisni uslugi, sega nenormalno derat.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need