Без погрешно да се сфатиме со VW лобито тука, али се што слушам од луѓето во „виртуелниот салон“ е како им паѓаат алтани од уста при зборење.
Разбирам реклами, разбирам борба за опстанок, ама колку позитиви за колата, толку и негативи. Стиснав душа и го изглеав видеото за Оставија а потоа ги прочитав и коментарите за EuroNCAP тестирањата на Оставијата од нашите членови, и ми се одмили колата.
Пред некое време се вртеше видео од бугариве за некој си модел на Great Wall, и толку ми посоли памет што ми се здосвиѓа количето.
Не ми се свиѓаат виртуелниве салони, иако би сакал да видам што македонциве имаат да кажат за Ми.То/Џулиета.