Slow car fast концептот им е ептен непознат на многу луѓе. Не е до забрзувањето, туку е до целиот пакет. Тоа Фиестиче со мал мотор со три цилиндри ме има насмеано како коли со два и три пати повеќе коњи. Едноставно е забавно. Мало, лесно, агилно, менува насока со ентузијазам, да ти мерак да седнеш и да се изнавозиш, без разлика колку трае забрзувањето од 0 до 100.
Една од причините зошто размислувам да си купам VW Up GTI.
Slow car fast е забавно сѐ додека не пробаш fast car fast и после се враќаш на slow car и сфаќаш дека ниедна од компонентите на спората кола (мотор, менувач, подвозје, летва, кочници, тркала и гуми итн) не е дизајнирана за "брзо" возење.

Up GTI не спаѓа во оваа категорија, добива поцврсти амортизери, поголеми тркала и поголеми кочници од фабрика, дизајнирана е да ја возиш така.