Slow car fast концептот им е ептен непознат на многу луѓе. Не е до забрзувањето, туку е до целиот пакет. Тоа Фиестиче со мал мотор со три цилиндри ме има насмеано како коли со два и три пати повеќе коњи. Едноставно е забавно. Мало, лесно, агилно, менува насока со ентузијазам, да ти мерак да седнеш и да се изнавозиш, без разлика колку трае забрзувањето од 0 до 100.
Една од причините зошто размислувам да си купам VW Up GTI.
Vw Up GTI не се вклопува во тој концепт slow car fast. Ако веќе оправдуваме мали мотори во тешки коли, како во Фокус од над 1300 кила со 1.0 мотор, тогаш Ап от треба да го таргетираш со 0.6 мотор и 60 70 коња а не кола од 900 кила со 115 коња.
Во реалност 1.0 тси треба да се става само во Ап, ама Европа не живее во реалноста па за 10 години може ќе наложат 0.5 литарски мотори во Поло а една веспа на јамаха ќе има 650 кубика мотор.
Реалноста е дека веќе скоро после една декада може слободно да кажеме дека сите турбо три цилиндраши се повеќе од достојна замена за умрените 1.4 и 1.6 атмо. Така да дали имало 650 кубика или 750 воопшто не е важно зошто сите забораваме што значеше на времето да возиш 1.4 атмо со НМ еднакви на нула.
Точно.
Јас можам да споделам искуство со возила со идентична сила, едната е турбо, другата е атмо.
Моето Браво 1.4 турбо 120 коња со 6 брзини
и
Службена Шкода Рапид 1.6 мпи 110 коња со 5 брзини на плин.
Рапидот едноставно е мртов, има 5 брзински менувач и сите брзини се долги, 5та му е идентична со 6та кај мене во Бравото.
Штом дојде успон, веќе не влече, класичен пример Велешко брдо пред Велес одма после мост на Вардар, тука возам 120 км/ч во 5та на 3000 вртежи со рапидот и едноставно не забрзува штом започне нагорнината, морам да вратам 4та и тек горе скрос на самото искачување успева докај 150-155 км/ч да стигне со крајни маки.
За разлика кај мене бравото во 6та на 120 км/ч исто така на 3000 вртежи нагоре забрзува без проблеми, немам потреба да му вратам 5та (која патем е и пократка од 4та во службениот рапид).
И пред да ми се контра-аргументира дека рапидот е со плин, само да кажам дека идентично влече и на бензин, и со клима, и без клима, едноставно мора да се гази ако сакаш да не губиш брзина, некаде на 3800 до 5000 вртежи е тоа. Испод 3800 вртежи едноставно е мртов мотор, џабе 1.6 110 коња го пишува.
Така да слична коњажа во мал турбо мотор секако оди подобро од слична коњажа од атмосферски мотор.