Автор Тема: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...  (Прочитано 715112 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7132
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4905 на: 28 Април 2025, 13:16:43 pm »
Што треба и што сакаме vs што се нуди и што можеме, се различни работи.
Муабетот е тука, како има толку разлика ~15-20%

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1983
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4906 на: 28 Април 2025, 13:25:28 pm »
Возев на тест Фокус со 1.0, ако човек нема којзнае какви очекувања, на колата ништо не и фалеше. Мене лично ми се допаѓа Фокусот.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6533
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4907 на: 28 Април 2025, 13:35:37 pm »
Може ли малку повеќе инфо околу скриени трошоци при купување ново возило на лизинг?

Илустративен пример со округли бројки:

Возилото кошта 10 000 еу, уплаќаш 20% учество (2000 еу) и уште трошоци за обработка за лизинг да речеме 500 еу. На тоа додаваш каско (секоја година додека е возилото кај тебе) и плаќаш 250 еу месечна рата на пример 84 месеци.

10000 еу возило

2000 еу учество
500 трошоци
Каско
Регистрација
и 250 еу рата.

Што се случува ако после 2-3 години сакам да го вратам возилото? Има скриени трошоци? Или се слупа колата не дај Боже? 

Трошоци за обработка на договорот моментално се 1% од вредноста на возилото, значи 100 евра, не 500.

Со математика за возило од 10.000 евра и 20% учество, ратата би била околу 110 евра, не 250.

Каско си обврзан да има возилото додека е под лизинг, и за возило купено во готово јас би вадел каско, најмалку првите 3 години.

Регистрацијата е трошок како и на секое друго возило по патишатата.

Единствен трошок кој не е наведен погоре е трошокот за нотар за заверка на договорот за лизинг, кој може да се движи од 2.000 до 12.000 денари, во зависност од сумата, документите на корисникот итн.

Кај финансиски лизинг (најчесто користен кај нас) возилото не можеш да го вратиш, туку да го отплатиш и да си го продадеш (или да се договориш со дилер за откуп старо за ново, ако сакаш да купуваш ново возило). При предвремен откуп на возилото отплаќаш само главница (каматата се крати) + ~2.5% од главницата како пенал за предвремена отплата.

Ако возилото се удри, затоа е тука каското кое мора да го има.

Кој е најлесна варијанта да се ослободам од возилото кога нема да ми е потребно повеќе?
Оперативен лизинг. Земи го на 3 години со минимално или без учество, после 3 години го враќаш.

Кај овој тип на лизинг кредитот не е за целиот износ туку има остаточна вредност да речеме од 45% после 3 години. Што значи ти плаќаш за 55% од вредноста на возилото во текот на 3 години.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3918
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4908 на: 28 Април 2025, 14:00:06 pm »
Што треба и што сакаме vs што се нуди и што можеме, се различни работи.
Муабетот е тука, како има толку разлика ~15-20%

Истото е и за дел други возила, прмер види за Дастер разликата е 3-4к. ДМВ сигурно игра улога ама неможе да влијае со толкава сума на поефтини коли.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29935
    • CARclub.mk
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4909 на: 28 Април 2025, 14:07:32 pm »
Во Србија има меѓу 0 и 12% царина, и 20% ДДВ. Конкретно, миииислам дека на возила од ЕУ има само ДДВ, односно само 20%.

Кај нас има 1% или 5% царина, Данок на Моторни Возила (+ Еко компонента), плус на сето тоа се пресметува уште 18% ДДВ.

Во Србија давачките се меѓу 20 и 35% од цената на возилото. Во Македонија се меѓу 35 и ~50%.

1.0  3 цилиндри во Пума и Фокус би купил ? Зошто си на форумот тогаш. За овие коли минимум 1.5 и најмалку 150 коња за да се тркалат како што треба.

Ford Fiesta со 1.0 Ecoboost, 120-130 коња (или колку и да беше) и мануелен менувач е едно од најзабавните мали количиња кои сум ги возел.
« Последно менување: 28 Април 2025, 14:13:59 pm zeroSignal »

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • French diamond
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4910 на: 28 Април 2025, 15:45:33 pm »
10 секунди до 100 ако е забавно, тогаш океј, купете си ете не се скапи.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20765
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4911 на: 28 Април 2025, 15:48:21 pm »
1.0  3 цилиндри во Пума и Фокус би купил ? Зошто си на форумот тогаш. За овие коли минимум 1.5 и најмалку 150 коња за да се тркалат како што треба.

Ford Fiesta со 1.0 Ecoboost, 120-130 коња (или колку и да беше) и мануелен менувач е едно од најзабавните мали количиња кои сум ги возел.

Фиестулето што го имавме, 1.0 Екобуст, 100 КС, злато од количе, живи прекраснотии! Уште ми фали и ми е криво што моравме да го продадеме.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3046
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4912 на: 28 Април 2025, 15:53:05 pm »
Јас возам Пума со 1.0 125кс и не се осеќа дека е 1.0. Стартна колку што треба, а на моменти и повеќе. За забавна на убав пат да не правам муабет. И 7.5 комбинирана (80% град) е супер.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2914
  • Слобода или смрт
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4913 на: 28 Април 2025, 16:33:26 pm »
10 секунди до 100 ако е забавно, тогаш океј, купете си ете не се скапи.

Не е проблемот воопшто во тие 10 секунди. Нека се и 11 проблемот е во издржливоста, звукот и силата кога ти треба вистински да повлече кога си товарен.
Исто кога со 1.4 или 1.6 мотор мислиш дека возиш спортска кола а нема ни с од спортско во неа.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3046
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4914 на: 28 Април 2025, 16:38:05 pm »
Колку можеш да товариш толкав гепек, а да не се плочки до врв? Си повлеквит и натоварен и ненатоварен.
Задоволството од 300кс кошта дупло.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29935
    • CARclub.mk
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4915 на: 28 Април 2025, 19:10:21 pm »
Slow car fast концептот им е ептен непознат на многу луѓе. Не е до забрзувањето, туку е до целиот пакет. Тоа Фиестиче со мал мотор со три цилиндри ме има насмеано како коли со два и три пати повеќе коњи. Едноставно е забавно. Мало, лесно, агилно, менува насока со ентузијазам, да ти мерак да седнеш и да се изнавозиш, без разлика колку трае забрзувањето од 0 до 100.

Една од причините зошто размислувам да си купам VW Up GTI.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1983
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4916 на: 28 Април 2025, 20:11:00 pm »
+ градска кола може да се деси да ја натовариш еднаш во 5 години. Затоа е градска кола.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1735
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4917 на: 28 Април 2025, 20:40:12 pm »
Slow car fast концептот им е ептен непознат на многу луѓе. Не е до забрзувањето, туку е до целиот пакет. Тоа Фиестиче со мал мотор со три цилиндри ме има насмеано како коли со два и три пати повеќе коњи. Едноставно е забавно. Мало, лесно, агилно, менува насока со ентузијазам, да ти мерак да седнеш и да се изнавозиш, без разлика колку трае забрзувањето од 0 до 100.

Една од причините зошто размислувам да си купам VW Up GTI.
Исто и 1.5тдци, потврдувам!

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 239
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4918 на: 28 Април 2025, 21:17:45 pm »
Може ли малку повеќе инфо околу скриени трошоци при купување ново возило на лизинг?

Илустративен пример со округли бројки:

Возилото кошта 10 000 еу, уплаќаш 20% учество (2000 еу) и уште трошоци за обработка за лизинг да речеме 500 еу. На тоа додаваш каско (секоја година додека е возилото кај тебе) и плаќаш 250 еу месечна рата на пример 84 месеци.

10000 еу возило

2000 еу учество
500 трошоци
Каско
Регистрација
и 250 еу рата.

Што се случува ако после 2-3 години сакам да го вратам возилото? Има скриени трошоци? Или се слупа колата не дај Боже? 

Трошоци за обработка на договорот моментално се 1% од вредноста на возилото, значи 100 евра, не 500.

Со математика за возило од 10.000 евра и 20% учество, ратата би била околу 110 евра, не 250.

Каско си обврзан да има возилото додека е под лизинг, и за возило купено во готово јас би вадел каско, најмалку првите 3 години.

Регистрацијата е трошок како и на секое друго возило по патишатата.

Единствен трошок кој не е наведен погоре е трошокот за нотар за заверка на договорот за лизинг, кој може да се движи од 2.000 до 12.000 денари, во зависност од сумата, документите на корисникот итн.

Кај финансиски лизинг (најчесто користен кај нас) возилото не можеш да го вратиш, туку да го отплатиш и да си го продадеш (или да се договориш со дилер за откуп старо за ново, ако сакаш да купуваш ново возило). При предвремен откуп на возилото отплаќаш само главница (каматата се крати) + ~2.5% од главницата како пенал за предвремена отплата.

Ако возилото се удри, затоа е тука каското кое мора да го има.
Ти благодарам за деталниот одговор. Можеш ли да напишеш симулација на истите услови но за оперативен лизинг?

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #4919 на: 28 Април 2025, 23:37:04 pm »
Slow car fast концептот им е ептен непознат на многу луѓе. Не е до забрзувањето, туку е до целиот пакет. Тоа Фиестиче со мал мотор со три цилиндри ме има насмеано како коли со два и три пати повеќе коњи. Едноставно е забавно. Мало, лесно, агилно, менува насока со ентузијазам, да ти мерак да седнеш и да се изнавозиш, без разлика колку трае забрзувањето од 0 до 100.

Една од причините зошто размислувам да си купам VW Up GTI.

Vw Up GTI не се вклопува во тој концепт slow car fast.  Ако веќе оправдуваме  мали мотори во тешки коли, како во Фокус од над 1300 кила со 1.0 мотор, тогаш Ап от треба да го таргетираш со 0.6 мотор и 60 70 коња а не кола од 900 кила со 115 коња.

Во реалност 1.0 тси треба да се става само во Ап, ама Европа не живее во реалноста па  за 10 години може ќе наложат 0.5 литарски мотори во Поло а една веспа на јамаха ќе има 650 кубика мотор.