По мое гледиште, причината зошто кај нас колите се скапи е следна: нема доволно конкуренција, пазарот е мал, а изгледа дека сме "пребогати". Едни исти играчи се на пазарот со возила и сигурно имаат меѓусебен договор или монопол врз цените. И удри едноставно, кога нема конкуренција, сам си ги поставуваш правилата. Во држава со 2 милиони жители, каде што сите брендови се сконцентрирани во Скопје, тоа ти е ситуацијата. Можеби нешто настрана има и во Куманово, Битола, Струмица или Охрид – да лапнат и тие дел од "колачот" и тоа е тоа. Ќе си плаќаме и ќе си пееме. Сит гладниот не го верува.
Едноставно, потребен е колективен бојкот за конечно да се постигне нешто, за да сфатат. Инаку, Македонецот ке си најде начин да вози поново возило било преку аукции, било преку увоз , рента ЦХ-ЦХ-ЦХ – пак некако наоѓа решение. Но суштината не е во тоа. Ако никој не им купуваше возила, сите до еден ќе се освестија.
(А и претпријатијата „збеснаа“ со службени возила – до некаде и тие се виновни, бидејќи трошат народски пари за купување на автомобили.)
А обичниот граѓанин е должен да плати исто, како и државата. Не може таа Škoda што државата ја купува за полицијата при набавка од 100 возила — да има иста цена како што обичен граѓанин треба да ја плати за едно возило. И етц етц..