Здраво, нешто ме интересира ако некој се разбира. Гледам цениве за нови коли се некако скоро како за авиони.
Споредував цени, конкретно Волксваген во Македонија и Бугарија и испаѓа кај соседиве се околу 15% поефтини, ист модел возило,
исто ниво на опрема, мотор и сл. Дури и ми се верува дека за пазар на ЕУ се поквалитетни материјалите.
Прашањето ми е, дали е изводливо да нарачам и купам таму возило и да ангажирам шпедиција тука да ми го увези?
Немам правено пресметки дали би се исплатило нит знам колку се давачките таму и колку би се пребило.
Претпоставувам не се плаќа за увоз некои давачки дека се од ЕУ роба.
Немам ни бугарски пасош за да го возам на бг таблички.