Што се тиче cutomer experience, многу важи, особено кога се мислите меѓу две/три возила.
Продовачите на возила тоа го знаат (или барем треба да го знаат) и затоа прават се да ве придобијат.
Јас морам да кажам дека ептен бев позитивно изненаден од односот во МИДА Hyundai, таа што е главна на продажба, жена змај

Супер cutomer experience имав, ама едноставно не се решив за Tuscon-от.
За разлика од нив, во Шкода Скопје, ко небаре во Пеко патики разгледувам. Ни понуда, ни можности, ни попуст ни ништо.
Шкода Јосифов (од кај што ја зедов), ме седнаа, па муабети, па опрема, па порачка, па боксирање цена, кафенце-мафенце, сокче, влези - повози.
Пробај ја оваа кола, пробај ја онаа.
+/- начини на финансирање.
Тинтрење до немајкаде.
Примопредаја на кола.
Ја спремија, средија. Се почастивме.
Топ искуство.
Затоа цела Битола и околината возат Шкода, токму заради односот со клиентите што ги има Јосифов.
Така шо муабетите „Ако јас сум решен“ ...кога купувате нова кола речиси никогаш не сте скрос решени, оти секогаш во опција имате уште 2-3 модели за кои се мислите.