Ти ги гледаш малку низ розови очила, судејќи по аватарот.
Во секој случај, мора да се почитуваат корејците. Имаат многу специфична и многу интересна бизнис култура, и кога ќе се посветат на нешто, си работат на тоа. Тие што не ги испочитуваа, се заебаа.
Е сега.. Симо е во право. Европските купувачи купуваат традиционално европски брендови. Не дека корејските и јапонските брендови не се продаваат - се продаваат, ама аптејкот не е таков каков што очекуваме.
Во 2016 во Европа се продадени нешто над 15.000.000 возила. Од нив, 500.000 биле на Хјундаи и 430.000 на Киа. Тоа не е занемарлива бројка - напротив, одлична е. Ама само VW во 2016 (и покрај дизелгејт) има 1.7 милиони возила. Skoda има 655.000, Audi има 820.000 (побогу, Audi!!).
Корејците одат напред. Односно трчаат напред. Газат напред. Многу паметно изиграа што испокупија еден куп (европски) луѓе - дизајнери, инженери, директори, итн. Многу паметно си рекоа - што ќе измислуваме топла вода, дај да ги купиме луѓето што ни требаат. И го направија тоа. Прв го купија Peter Schreyer од Audi, па после тоа Albert Biermann од BMW M, па и Luc Donckerwolke од VW/Lamborghini/Bentley. Све е тоа многу стратешки, многу плански изиграно, и многу паметно изгирано.
Е сега.. Најтешката работа со која ќе се соочат, или ќе мораат да се соочат eventually - е растењето на цените. Сите тие луѓе, поскапиот дизајн, подобрите материјали, агресивниот маркетинг (Hyundai/KIA одат агресивно на Brand Recognition маркетинг кој чини многу, многу пари, нешто што рецимо на Mercedes не му треба), новите мотори, новите технологии, итн - сите тие работи коштаат пари. Тоа значи дека моделите мораат да поскапат - сакале Hyundai или не, и сакале локалните дилери или не. Ама многу е тешко да убедиш некој да купи нова генерација на некоја кола - ако до пред три месеци си ја продавал колата (акциски) за 10.990 евра, а сега викаш дека основната цена е 16-17.000 евра. И ова не е проблем само кај нас - ова е проблем насекаде.
Најверојатно колата си ги оправдува парите. Не успеав да ја возам. Можев да одам на регионалната презентација на i30, ама заради приватни причини не успеав. Нејсе, се надевам дека ќе ја возам и со задоволство сакам да пренесам впечатоци. Сигурен сум дека е добра - и Hyundai и KIA многу добро ги користат сите ресурси кои ги имаат и сите луѓе кои ги имаат.
--
Плус, малку риелити чек. Корејците газат, ама не е ни кај нив све идеално. Продажбата во Америка во Мај им е опадната за 15% во однос на Мај минатата година. А таму традиционално добро се продаваат.
Дени некад стварно влагаш во паралелен свет и си тропаш колку да напишеш нешто.
Голф, Астра, 308, со нивните дизели со највисоко ниво на опрема се плус минус 1.000 евра таа цена. Колата можда е бучна внатре ама сите коли имаат маани па според тоа нема логика да тропаш со бројки од 10.990. За тие пари земи 1.4 бензин Citroën Elysée. Во секој случај погрешно е да земеш репер локален маркет и од тоа да си направиш некакви заклучоци. и30ката барем оваа верзија ценовно се носи со астра, фокус итн.
За
10.990 се продаваше акциски i30 со 1.4 атмосферец со 90 коња, и прилично океј опрема.