10000км во моја сопственост надминати, во 11 месеци. За мене и мојот начин на живот и немање секојдневно возење до работа и назад, тоа е прилично висока бројка и мислам највисока од сите досегашни автомобили во 1 година. Многу голем дел од тие беа и се гас до даске, до 7500 вртежи, газот дијагонално, и насмевка од 7ица до 8ица (немам 8мица на едната страна, де).
Петокот ја оставив на хемиско и чистење на моторен простор во Премиум Моторс, откако завршивме со море за сезонава. Исто така додека беше таму ја врзав на полнач и ја пуштив процедурата за bleeding на антифризот за интеркулерот. Испадна дека не беше направена кога се менуваше интеркулер и фалеа некои 400мл антифриз што ги дотурив. Одма се видоа намалени температури на усис за некои 5-6 степени како и побрзо ладење на истите.
Неделата флешнав ревизија на мапата од Mosselman, и направив нови логови, имаше луфта на турбината за уште мааалце притисок а и самите тајминзи на високи вртежи беа чепнати. Сега се однесува многу подобро над 6000 вртежи, нема некоја нагла корекција на 1-2 цилиндри, туку кај сите 6 палењето е тука некаде. Тестовите беа на Shell 98 октанско гориво.
Еве и некое сличе од денес, да не биде само текст пишување:

