Вчера и денес бев на мисија да соберам логови за да пратам на тјунерот, конечно најдов малку слободно време. Прва работа, колава е ненормално брза при полн гас. Ама она, сериозно брза. Не ми е јасно како ги возат F8X коливе со 700 и нагоре коњи...
Друго, вака логовите изгледаа добри. Од она мое малку познавање, мислам дека има луфта да се дотераат тајминзите на високи обртаи. Вчера секако бааѓи потопло, 32C амбиентална, температурата на воздух стигна до кај 60ина степени при полн гас 2ра-3та-4та, што е сепак одлично. Ќе го сменам радијаторот за ладењето за воздух евентуално, и ќе ја држи пониско. Денес, 26C амбиентална, плус облачно, истата локација истото возење, не крена над 50C.
Таргет притисок беше 1.51 бар, држи 1.51 со мал пад на 1.46 бара до редлајн. Одлично, турбините работат како што треба и не умираат на 6000 обртаи

Компјутерот спрема сите параметри пресметува колкав вртежен момент испорачува (секако не е мерено ова или со сензори ама би требало да е релативно блиску), и максимумот што го видов беше околу 670Nm

паѓа на високи обртаи ама тоа е мислам затоа што има уште луфта да се корегираат тајминзи на согорувањето, кај мене беа околу 6 степени највисоко, а мислам дека може до кај 8, притисокот баран се испорачува. Со оглед на тоа што нема активно корекција на тајминг (0 до -1 степен макс), мислам дека би требало да извадат уште нешто од мапата. Ќе видиме што ќе кажат утре

И за крај, имаме проблем

не е баш проблем проблем, туку вчера накај Козјак во трета брзина на нерамен асфалт при полн гас почна да ми се случува wheel hop. Од тоа што читав, кај овие коли проблемот е што диференцијалот е монтиран само со една чаура и шраф на трапот, иако во трапот има дупка за 2, и чаурата е премека и при високо оптеретување знае диференцијалот да „мрдне“. Нареден мод е сет Powerflex чаури за диференцијал како и dual-mount kit за да може да се искористи и втората дупка.