Автор Тема: 2020 BMW F87 M2 Competition  (Прочитано 20441 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1008
2020 BMW F87 M2 Competition
« на: 22 Август 2024, 14:48:28 pm »
Ајде откако се потсмирив малце и јас, а богами и девојка ми што беше потажна од мене за 335ката, да ја претставам замената, и се надевам овој пат перманентен примерок во мојата гаража.

Се работи за BMW M2 со Competition pack, од 2020та година, во Hockenheim Silver боја. Еден газда, 76000 километри, Premium Selection од БМВ салон во Германија.

Прво една приказна за сагата со барање на возило, скокни долу ако те интересира само новата кола. Бев скрос фокусиран да најдам E90/E92 M3, се променија некои работи во животот па одлуката со девојка ми беше дека не ни треба стриктно седан, може и купе. Мислам дека некои 8-9 месеци активно следев огласи, што има, како има, секоја што ќе ми фатеше око со нормална цена испадна амерички увоз, чукната, преправана, сменет мотор и така натаму. Излезе една на оглас, пишува 2ца газди, газдата вика европска кола, нема несреќа, за многу добра цена, а во исто време излезе и заинтересиран човек за 335ката. Одлично, си викам, ја проверувам на carVertical, не дава сообраќајки. 120 илјади километри имаше, Jerez Black со Fuchs Rot ентериер, сѐ од опрема минус Competition, одлично викам. И не знам една вечер што ми текна, да отворам декодер за VIN, да ја зирнам опремата. Гледам таму Area code DVD Middle East. Ми стана сомнително, отворив сајтот од министерство за внатрешни во Дубаи, таму може бесплатно да се провери по број на шасија за било која кола, ставам шасијата, дубајска кола, била чукната во заден браник. Ми се скина филмот скрос и се откажав од колата, а во меѓувреме и купувачот за БМВто го снема, така да си реков, не била оваа за мене.

Недела дена покасно, ми се јавуваат на телефон, „Дојди да пробаш М2ка имам тука од пријател“. Одам, беше со DCT менувач, OG M2 таа со N55 мотор. Си викам Колку може да биде различна од 335ката. Може, и тоа многу. Позабавна кола не сум возел досега. Од шасија, до мотор, до волан, одлична. Си одам дома, ѝ ја покажувам на девојка ми, ја прашувам „Ти се свиѓа?“, ми вика „Одлична е, поубава ми е од старата М3ка“. И ај си викам да отворам огласи, и ги гледам цените за М2ки, од прв газда со петцифрен број километри пониски од тие од Е92ки. Ги гледам огласиве и си викам „Ај па да видам и Competition кога веќе гледам, сепак подобар мотор, подобро подвозје, да видиме што има“. Ми излезе една, исто од прв газда, во истиов салон од кај што ја земам оваа, Sunset Orange боја, рачен менувач, одлична опрема. Му пишувам на контактот, вика Продадена е. Си викам „Ајде тоа е, немам ни купувач за 335ката, напролет“. Три дена после тоа, ми пишуав истиот човек, „Абе ни стигна нова М2 Competition исто со рачен менувач, ама во Hockenheim Silver е, ако си заинтересиран да не ја огласуваме одма“. Му викам „Почекајте ден-два ако не е проблем“. 2 саати покасно, ми звони човек, „Кога може да се види БМВто, сериозно заинтересиран сум, ако е сѐ океј со колата ја земам“. Ја виде 2 дена покасно, пуштивме рака, за Реното веќе договорен купувач, му пишувам одма на Германецов, „Ја земам колата, само дајте ми неколку дена да се организирам“. „Нема проблем“. И како се наредија коцките, вчера потврдив дека ја земам колата, денес двете коли на нотар едно по друго. Си викам ова ако не е знак дека е правата одлука, што е :)

И почнав да размислувам што правам за увоз. Време да земам од работа за да одам таму, немам, а ниту сакав да се малтретирам по царини и поврат на ДДВ и такви работи. Одлучив да ги исконтактирам салониве што продаваат понови, луксузни да речеме автомобили, дали би се нафатиле увоз по нарачка. Одлуката падна на АутоНБ, најбрзи и најпрецизни беа во комуникација, “ова иде вака и вака, толку капар, имаме транспорт на standby, ние ја плаќаме колата таму, завршуваме поврат на ДДВ, плаќаме увозни давачки, тебе ти кажуваме само крајна цена на колата“.  Во моментов сме до чекор кај што денес им пуштија фактура од Германија и тие имаат пуштено налог за уплата, а вчера им потврдив дека ја земам и дадов капар. До сега, 10/10 искуство, ќе напишам подетално на темава чим го завршам цел процес и ја имам колата.

Е сега, повеќе детали за колата:

BMW F87 M2 Competition, произведена 01.2020
S55 3.0 мотор со 6 цилиндри постабени линиски и со две турбини, кој што во оваа варијанта испорачува 404bhp и 550Nm вртежен момент
6 степен рачен менувач со електронски контролиран limited slip differential и M Dynamic Mode
Погон на задни тркала, секако
Hockenheim Silver надворешна боја
M Competition седишта во Dakota Leather со сини акценти
M Driver's package - крената максимална брзина од 250km/h на 280km/h

Од побитната опрема поседува:

S7ME - M Drivers Package
S712 - M Sports seat
S2NH - M Sport brake
S552 - Adaptive LED headlight
S5AC - High-beam assistant
S674 - Hi-Fi system Harman Kardon
S7M9 - Individual option high-gloss Shadow-Line
S4MC - Interior trimstrips, Carbon Fibre
S609 - Navigation System Professional, NBT Evo систем со iDrive 6 и поддршка за Apple CarPlay и 8.8 инчен екран

Ја има и сета стандардна опрема како Park Distance Control сензори напред и назад како и камера за рикверц, TMPS сензори за притисок, темпомат со кочење, Comfort Access и сѐ останато.

Конфигурацијата на колата се гледа дека ја правел некој што знае што прави: рачен менувач, нема сончев кров, и M Drivers Package.

Единствен компромис за мене беше бојата, ќе преферирав да е во Sunset Orange или Long Beach Blue, ама беше компромис што бев спремен да го направам ако сѐ останато е погодено како што сакам, прво затоа што ми се свиѓа Hockenheim на сонце особено, второ затоа што од претходно искуство со фолиите на 335ката не се секирам ако дојде до промена на боја. :)

Еве и некоја слика од пред салонот:















Тоа е тоа за сега, ќе ја користам темава за апдејт на процесот. :)
« Последно менување: 22 Август 2024, 15:02:01 pm andrejnaumovski »

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #1 на: 22 Август 2024, 14:51:18 pm »

Отсутен avocado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 105
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #2 на: 22 Август 2024, 14:54:50 pm »
Одличен избор и бојата е убава


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #3 на: 22 Август 2024, 15:01:44 pm »
Идентична ваква возев на Portimao. Прекрасна кола, браво! Мислам дека се радувам скоро колку тебе! :)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #4 на: 22 Август 2024, 15:02:23 pm »
м м м м м м...

Создравје да се вози, ужива и многу безгрижни километри... и зголемување на просторот во гаражата за чување на повеќе перманентни примероци  ;)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #5 на: 22 Август 2024, 15:03:15 pm »
Јако мало ѕверче, сигурно ќе ти прави многу мерак и ќеиф. Ќе следам редовно за ново инфо и реално искуство, и баш супер што ти се погодиле коцките ептен. Со арно да се вози  :D

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #6 на: 22 Август 2024, 15:28:53 pm »
Ракета  🚀  мн добро изгледа купето и ова ке биде права реткост по македонските асфалти браво и за храброста и желба за ваков тип на возило (биди спремен да те распарчат што си земал со три врата и етц) браво за изборот и за живеење на својот филм и сон кон автомобилот .Среќно

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #7 на: 22 Август 2024, 15:35:33 pm »
Дали конечно подлегна на хејтот на форумов и зеде кола со темпомат?!

Шала настрана, со здравје да се возит, знајш мое мислење за двојка со рачен мењач  ;D

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #8 на: 22 Август 2024, 15:48:11 pm »
Јас вака како „следач“ и fan на ситуацијата и возилата на членот сум малку разочаран ;D . Иако M2-кава најверојатно ова има подобри возни карактеристики, изгледот, ставот и престижот на M3 V8 се неприкосновени. Исто, пропорциите на хауба/cockpit/гепек ми се дааааалеку подобри на E92.
Во секој случај, со здравје да се вози, многу километри без дефекти, исполнети со адреналин.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1008
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #9 на: 22 Август 2024, 16:00:07 pm »
Јас вака како „следач“ и fan на ситуацијата и возилата на членот сум малку разочаран ;D . Иако M2-кава најверојатно ова има подобри возни карактеристики, изгледот, ставот и престижот на M3 V8 се неприкосновени. Исто, пропорциите на хауба/cockpit/гепек ми се дааааалеку подобри на E92.
Во секој случај, со здравје да се вози, многу километри без дефекти, исполнети со адреналин.

Искрено, единствена причина зошто барав Е92 беше ради моторот. Нит ме интересира престижот, а особено не толку за да платам премиум од 15-20 илјади евра над М2кава (ако не и повеќе за добар примерок со рачен менувач) за 15 години стара кола што реално не знаеш како била одржувана низ годините а е позната дека си има гремлини. S65 е далеку подобар мотор од S55 ама сите други возни карактеристики се подобри на М2ката, а мене тоа ми беше најбитното. :) Плус е далеку понова, а реално буџетот не ми е неограничен и мора малку и рационално да се размислува.


Фала ви на сите, да си купите поубава. Ќе ажурирам како добивам и јас информации.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #10 на: 22 Август 2024, 16:23:18 pm »
Честитки до тебе за новото возило и со арно да ве служи.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #11 на: 22 Август 2024, 16:35:11 pm »
Браос бе машко, мило ми е за тебе! Со здравје да се вози.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #12 на: 22 Август 2024, 16:37:45 pm »
Прекрасно количе, кој знае колку е забавно за возење. Со здравје и ум да се вози, и никако под 160 на Стража :).

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #13 на: 22 Август 2024, 17:09:04 pm »
Eh da ti gi imam godininte.....
Rece so devojka mi odlucivme :D

Ke dojde vreme kako mene karavani ke gledas zatoa u meguvreme praenje merakot do max!

So zdravje da se vozi i da se iznauzivate!
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #14 на: 22 Август 2024, 18:01:12 pm »
Честитки, би сакал некогаш да се повозам во вакво нешто и да се убедам дека тб е подобар од тд.


Sent from my iPhone using Tapatalk