Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 99984 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #990 на: 29 Април 2026, 22:31:22 pm »
Два пати имам враќано пошо не ги прочита тагот.
И двата пати немаше никој пред мене(ако помислите дека сум се лепел блиску до тој пред мене),едниот пат отвори од втор обид,другиот пат сменив лента пошо очегледно нешто не беше во ред со самата рампа или читач или не знам што.
Хрватска се помисли на една наплатна 3-4 секунди па после го прочита,али во главно е одлично решение.
Во сите случаи тагот е на шалтабла,не е зафрлен некаде низ кола.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8250
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #991 на: 29 Април 2026, 22:43:02 pm »
Има најава дека ќе се тргаат читачите за м кард од м таг лентите, само кога и дали ќе биде, незнам. Ама у велико се збори да се направи таква работа.

Според мене не е баш паметно сега да се тргаат кога веќе луѓето знаат дека може и таму да се поминува со м кард. Ако се тргнат, еден период ќе биде тотален хаос во м таг лентите додека луѓето не се одвикнат.

И трета работа што многу е поразителна е тоа што имаме мноооогу прост народ. Пред некој ден се вадеше статистика за изминатава година дена за наплата со м таг уред . И сеа тука спаѓаат неколку категории. Една категорија ми збодна во очи. Статистиката вика дека 37,4% имале неуспешна наплата со м-таг уред. Од тие 37,4% дури 34% немале воопшто таг уред, или немале средства или уредот не бил соодветно поставен 2% уредот не бил исправен и 1.4% било системска грешка. Шта речи коју поруку послати. За нас треба само камшик.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 139
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #992 на: 30 Април 2026, 02:40:57 am »
Има најава дека ќе се тргаат читачите за м кард од м таг лентите, само кога и дали ќе биде, незнам. Ама у велико се збори да се направи таква работа.

Според мене не е баш паметно сега да се тргаат кога веќе луѓето знаат дека може и таму да се поминува со м кард. Ако се тргнат, еден период ќе биде тотален хаос во м таг лентите додека луѓето не се одвикнат.

И трета работа што многу е поразителна е тоа што имаме мноооогу прост народ. Пред некој ден се вадеше статистика за изминатава година дена за наплата со м таг уред . И сеа тука спаѓаат неколку категории. Една категорија ми збодна во очи. Статистиката вика дека 37,4% имале неуспешна наплата со м-таг уред. Од тие 37,4% дури 34% немале воопшто таг уред, или немале средства или уредот не бил соодветно поставен 2% уредот не бил исправен и 1.4% било системска грешка. Шта речи коју поруку послати. За нас треба само камшик.

@Zile Ако е картичката Мкард преодно решение кон автоматизирана наплата без човек во (или и без) наплатната куќичка (копирање на новиот систем од Хрватска), добро е да се тргне. Мислам дека Мкард и не беше баш успешен експериммент, картичката долго време (не) ја препознаваше читачот на сите наплатни места (наплатната станица покрај Миладиновци е шампион и сега).

За статистиката ме интересира, како констатиравте дека кривицата е кај корисникот? Дека 34% (една третина) немаат таг уред? Или дека не е соодветно поставен?
Јас имам таг уреди поодамна (од пред короната) и на почетокот при користењето повеќе од 75% ми беа неуспешни поминувања низ лентата за Таг уред во Македонија, 0% во Србија (со нивни уред), 0% во Хрватска (со нивни уред).
Со тој српскиот таг уред за отворен балкан, конфигуриран за плаќање по извршена услуга, повторно имав мнооогу неуспешни поминувања во Македонија, 0% во Србија.
На уред поставен на препорачаното место на ветробранското стакло, при препорачана брзина на поминувања низ антените, ако системот не го препознае, тоа не е кривица на корисникот, дури и ако шалтерскиот работник, па и шефот го вадат тој уред и мафтаат со него надвор од возилото, па и неколку пати го враќам возилот напред назад покрај влезните антени, па и ако системот ми наплати повисока категорија на возило оти се враќам назад па системот констатира повеќе оски на возилото, тоа не е грешка на корисникот. Тагот од отворен балкан што нашиот систем го чита со мака кога уредот е на ветробранското стакло, во Србија истиот уред го чита кога е во фиоката под наслонот за раце меѓу предните седишта. Мислам дека тоа е носпособност на нашиот оператор да ја управува опремата.

Констатацијата дека народот е прост, повеќе би рекол дека е необразован. Па системот со таг уред е направен за необразован, прост и глуп народ, за американци. А тоа што упатствата за подесување и дополнување на системот ви се како да објаснувате квантна физика на прваче и веб страната е рудиментирано проектирана за употреба во 2026 година и непроменета од дедо ное па до денес, тоа е за критика. Ако сте констатирале дека народот е „прост“, зошто не ја приспособите вашата веб страна према капацитетот на таквиот народ?. Србите неколку пати го менуваа веб интерфејсот на системот, хрватите да не спомувам колку пати, операторите грчки еве сега пак менуваат, турците на секое мое одење кај нив имаат нешто друго на веб страната и друг модел за пакети и плаќање.  Во Македонија остана системот со наплата која одговара на операторот, не на корисникот, со претходно земање пари. Ништо не се промени во сите овие години. Ама тоа не е грешка на корисникот. Мислам дека е тоа нефлексибилност и неспособност на нашиот оператор да ја управува опремата.

Имам впечаток дека си дел од вработените во јавното претпријатие за дупки на патиштата и дека критикава ќе ја пренесеш каде треба.

Операторот на опремата е премногу самозадоволен. Операторот на опремата никогаш не направил реклама, конференција за и со корисниците, не го испитал мислењето на корисниците. Операторот на опремата не се грижи за корисниците. Можеби му е страв дека ќе слушне дека операторот наплаќа патарина кога патот се сервисира, кога патот не ги задоволува условите за пат со наплата, патот има многу дупки, камења и карпи по дожд, трева и дрва израснати од кои не се гледа сообраќајната сигнализација, ризла која не е исчистена со години, челични одбојници кои стојат деформирани со години по некоја сообраќајка и се опасност за сообраќајот, несоодветно поставени сообраќајни знаци и хоризонтална сигнализација, илегални приклучоци на патишта со наплата на патарина, скокалници пред мостови, неквалитетно изработени дилатациони фуги на сите мостови, нерамни сообраќајни ленти од патиштата... На операторот му е страв да слушне дека возилата „помазно“ одат по патиштата во Србија и Хрватска отколку овде (да не гледаме подалеку на запад) и дека таму со задоволство плаќаме патарина а дома се чувствуваме измамени од операторот...

Е, да, со последната твоја порака се сложувам, за тоа камшикот треба да се удри по вас.


P.S. Пораката содржи иронија и добро намерна критика. Критиката треба да вроди плод. Очекуваме да операторот корегира се ова што му е напишано во нареднава година, година и пол. Едноставни корекции се тоа. После ќе напишеме и дополнување на критиката.
« Последно менување: 30 Април 2026, 02:50:04 am flashgordon007 »

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7113
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #993 на: 30 Април 2026, 07:15:23 am »
Секако не е твоја вината, вината е во очајно глупавата организација на ЈПДП и самоволното подесување на лентите од страна на контролорите на смена.
Ти само користиш шорткат во насока на најпрактично (за тебе) поминување кај напратните рампи.
Тоа што ќе подзакочиш некој позади и не е трагедија нели, ама упорноста да се вози со кард наместо таг е многу интересен феномен. Парче електроника од 1200 денари (некој спомна 2 хамбургера) кое го тераш 5-6-7 години врзано на картичка со самодополнување не чини.
Ние возачите во МК сме посебна категорија.
А дека си брз - брз си :)

Ова со А1 мириша на заеб. Со 50 денари на сметка фактички уредот го купуваш на 24 рати по истата цена. Ама ова да стига у ф-ра на А1 ми е башка циркус иако остаиле опција за ЦЦ.
Уредот треба да може да се купи на билокоја бензиска и чао ѓаци. Какви рати какви бакрачи и (околувратен) договор со билоког, најмалку со телеоператор.


Кога прв пат отидов во Петровец отидов со намера да набавам Таг.
И немаа, и не ни знаеа кога ќе ги имаат на залиха.
Затоа купив и Мкард. И реално одлично функционирам и со Мкард, затоа и не се замарав досега со таг

Ама сега ќе чекам и Телеком ако ја направат истата опција како А1, па да набавам Таг, а Мкард да ми стои само за недајбоже ако не крене рампа со таг, одма при рака Мкард и да поминам без враќања во рикверц.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8250
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #994 на: 30 Април 2026, 07:46:28 am »
Има најава дека ќе се тргаат читачите за м кард од м таг лентите, само кога и дали ќе биде, незнам. Ама у велико се збори да се направи таква работа.

Според мене не е баш паметно сега да се тргаат кога веќе луѓето знаат дека може и таму да се поминува со м кард. Ако се тргнат, еден период ќе биде тотален хаос во м таг лентите додека луѓето не се одвикнат.

И трета работа што многу е поразителна е тоа што имаме мноооогу прост народ. Пред некој ден се вадеше статистика за изминатава година дена за наплата со м таг уред . И сеа тука спаѓаат неколку категории. Една категорија ми збодна во очи. Статистиката вика дека 37,4% имале неуспешна наплата со м-таг уред. Од тие 37,4% дури 34% немале воопшто таг уред, или немале средства или уредот не бил соодветно поставен 2% уредот не бил исправен и 1.4% било системска грешка. Шта речи коју поруку послати. За нас треба само камшик.

@Zile Ако е картичката Мкард преодно решение кон автоматизирана наплата без човек во (или и без) наплатната куќичка (копирање на новиот систем од Хрватска), добро е да се тргне. Мислам дека Мкард и не беше баш успешен експериммент, картичката долго време (не) ја препознаваше читачот на сите наплатни места (наплатната станица покрај Миладиновци е шампион и сега).

За статистиката ме интересира, како констатиравте дека кривицата е кај корисникот? Дека 34% (една третина) немаат таг уред? Или дека не е соодветно поставен?
Јас имам таг уреди поодамна (од пред короната) и на почетокот при користењето повеќе од 75% ми беа неуспешни поминувања низ лентата за Таг уред во Македонија, 0% во Србија (со нивни уред), 0% во Хрватска (со нивни уред).
Со тој српскиот таг уред за отворен балкан, конфигуриран за плаќање по извршена услуга, повторно имав мнооогу неуспешни поминувања во Македонија, 0% во Србија.
На уред поставен на препорачаното место на ветробранското стакло, при препорачана брзина на поминувања низ антените, ако системот не го препознае, тоа не е кривица на корисникот, дури и ако шалтерскиот работник, па и шефот го вадат тој уред и мафтаат со него надвор од возилото, па и неколку пати го враќам возилот напред назад покрај влезните антени, па и ако системот ми наплати повисока категорија на возило оти се враќам назад па системот констатира повеќе оски на возилото, тоа не е грешка на корисникот. Тагот од отворен балкан што нашиот систем го чита со мака кога уредот е на ветробранското стакло, во Србија истиот уред го чита кога е во фиоката под наслонот за раце меѓу предните седишта. Мислам дека тоа е носпособност на нашиот оператор да ја управува опремата.

Констатацијата дека народот е прост, повеќе би рекол дека е необразован. Па системот со таг уред е направен за необразован, прост и глуп народ, за американци. А тоа што упатствата за подесување и дополнување на системот ви се како да објаснувате квантна физика на прваче и веб страната е рудиментирано проектирана за употреба во 2026 година и непроменета од дедо ное па до денес, тоа е за критика. Ако сте констатирале дека народот е „прост“, зошто не ја приспособите вашата веб страна према капацитетот на таквиот народ?. Србите неколку пати го менуваа веб интерфејсот на системот, хрватите да не спомувам колку пати, операторите грчки еве сега пак менуваат, турците на секое мое одење кај нив имаат нешто друго на веб страната и друг модел за пакети и плаќање.  Во Македонија остана системот со наплата која одговара на операторот, не на корисникот, со претходно земање пари. Ништо не се промени во сите овие години. Ама тоа не е грешка на корисникот. Мислам дека е тоа нефлексибилност и неспособност на нашиот оператор да ја управува опремата.

Имам впечаток дека си дел од вработените во јавното претпријатие за дупки на патиштата и дека критикава ќе ја пренесеш каде треба.

Операторот на опремата е премногу самозадоволен. Операторот на опремата никогаш не направил реклама, конференција за и со корисниците, не го испитал мислењето на корисниците. Операторот на опремата не се грижи за корисниците. Можеби му е страв дека ќе слушне дека операторот наплаќа патарина кога патот се сервисира, кога патот не ги задоволува условите за пат со наплата, патот има многу дупки, камења и карпи по дожд, трева и дрва израснати од кои не се гледа сообраќајната сигнализација, ризла која не е исчистена со години, челични одбојници кои стојат деформирани со години по некоја сообраќајка и се опасност за сообраќајот, несоодветно поставени сообраќајни знаци и хоризонтална сигнализација, илегални приклучоци на патишта со наплата на патарина, скокалници пред мостови, неквалитетно изработени дилатациони фуги на сите мостови, нерамни сообраќајни ленти од патиштата... На операторот му е страв да слушне дека возилата „помазно“ одат по патиштата во Србија и Хрватска отколку овде (да не гледаме подалеку на запад) и дека таму со задоволство плаќаме патарина а дома се чувствуваме измамени од операторот...

Е, да, со последната твоја порака се сложувам, за тоа камшикот треба да се удри по вас.


P.S. Пораката содржи иронија и добро намерна критика. Критиката треба да вроди плод. Очекуваме да операторот корегира се ова што му е напишано во нареднава година, година и пол. Едноставни корекции се тоа. После ќе напишеме и дополнување на критиката.
Ќе ти одговорам на кратко. Не не сум дел од јпдп но соработувам со нив. Статистиката ја ваделе тие, не јас. Секое возило што поминува на патарина го има на камера и многу лесно е да се увиди проблемот зашто не поминало. Верувам дека статистиката е точна и прецизна и околу тоа нема што повеќе да се коментира.
Не го бранам операторот и они се свесни дека имаат пропусти, но системот како систем функционира одлично ако се почитуваат препораките. Проблемот кај нас луѓето е што стално се оди контра од препораките. На овој народ му треба едукација која за жал изостана од операторот.

Имам миљон примери ама еден ќе издвојам. Проѓа кола во м таг лента и не крева рампа. Пробува еднаш два пати три пати (се прави колона позади него) застанува на сред лента крева рачна и излага да се кара со шефот. Шефот му вика кај ти е тагот? Он вика кај брат ми. Па кај е брат ти? На работа е. Што повеќе да се коментира.......

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #995 на: 30 Април 2026, 09:38:27 am »
Ќе си имаш и Мкард и Мтаг.
На Мкард стави си некоја сума 500-1000 денари, доаѓаш на рампата, гледаш зеза тагот, одма тука при рака Мкард, куцаш, заминуваш.

Ова ми е планот, кога ќе ги направат постпејд или барем да унифицираат и мкард и мтаг на иста сметка... Да не може уште сега?

Друга работа, интересно е колку дискусија иде за ова. Гарантирано (од повеќето овде) повеќе време имаат „вложено“ во дискусијава овде, одошто што реално почекале некој за да се откуца со картичка. :)

Јас лично од двете опции ја одбрав едната која мене ми се гледа подоверлива. Тие статистиките од 2-3% проблеми со читање на мтаг ми изгледаат премали, пошто (анегдотално, ама сепак) со службените аута често имаме проблеми. Значи скроз не е проблемот за давање ~20 евра.


Крајно јас ова вака би го решил (проблемот со идење на мтаг лента кога има мкард): Некако би направил системот да куца 3х износот ако поминеш на мтаг лента а постои мкард лента или слободна кеш лента.

Денес со АИ и малку работа сѐ е можно. Ако се сака, може да се среди ова. Камери секако имаат, само треба интерфејс со агент и соодветна логика и поврзаност на тој агент со системот на наплата.


Освен тоа едноставно може (треба) со мтаг да даваат и мкард, и тие да бидат врзани со една сметка.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4115
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #996 на: 30 Април 2026, 09:55:40 am »
Жално е што 2026 сеуште постојат патарини со рампи на балканов.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7211
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #997 на: 30 Април 2026, 11:31:31 am »
Имам миљон примери ама еден ќе издвојам. Проѓа кола во м таг лента и не крева рампа. Пробува еднаш два пати три пати (се прави колона позади него) застанува на сред лента крева рачна и излага да се кара со шефот. Шефот му вика кај ти е тагот? Он вика кај брат ми. Па кај е брат ти? На работа е. Што повеќе да се коментира.......

Се возам со шофер кој се пофале дека му даде некој беспари таг за него да го користи, и сега очекувам да летаме низ патарини. Прва патарина и не крева рампата, еднаш, два пати, трипати.
Шоферов од фалење заборави дека пари треба да се стават во тагот и така барај картички, веб страни, едно 10мин за да поминиме. Најтрагично пак се влегува на патарина со највисока можна брзина, и кочење на влакно ако не отвори.

Крајно јас ова вака би го решил (проблемот со идење на мтаг лента кога има мкард): Некако би направил системот да куца 3х износот ако поминеш на мтаг лента а постои мкард лента или слободна кеш лента.

Колкава ти е тарифата за одење на Мтаг лента каде што нема МКард лента, со мКард?
А колкава е за кеш во МТаг лента?  :D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #998 на: денес во 01:25:07 »
Колкава ти е тарифата за одење на Мтаг лента каде што нема МКард лента, со мКард?
А колкава е за кеш во МТаг лента?  :D

Првото стандардна тарифа, минус 1 денар. Второто еден час забрана за поминување преку патарини. ;)