Има најава дека ќе се тргаат читачите за м кард од м таг лентите, само кога и дали ќе биде, незнам. Ама у велико се збори да се направи таква работа.
Според мене не е баш паметно сега да се тргаат кога веќе луѓето знаат дека може и таму да се поминува со м кард. Ако се тргнат, еден период ќе биде тотален хаос во м таг лентите додека луѓето не се одвикнат.
И трета работа што многу е поразителна е тоа што имаме мноооогу прост народ. Пред некој ден се вадеше статистика за изминатава година дена за наплата со м таг уред . И сеа тука спаѓаат неколку категории. Една категорија ми збодна во очи. Статистиката вика дека 37,4% имале неуспешна наплата со м-таг уред. Од тие 37,4% дури 34% немале воопшто таг уред, или немале средства или уредот не бил соодветно поставен 2% уредот не бил исправен и 1.4% било системска грешка. Шта речи коју поруку послати. За нас треба само камшик.
@Zile Ако е картичката Мкард преодно решение кон автоматизирана наплата без човек во (или и без) наплатната куќичка (копирање на новиот систем од Хрватска), добро е да се тргне. Мислам дека Мкард и не беше баш успешен експериммент, картичката долго време (не) ја препознаваше читачот на сите наплатни места (наплатната станица покрај Миладиновци е шампион и сега).
За статистиката ме интересира, како констатиравте дека кривицата е кај корисникот? Дека 34% (една третина) немаат таг уред? Или дека не е соодветно поставен?
Јас имам таг уреди поодамна (од пред короната) и на почетокот при користењето повеќе од 75% ми беа неуспешни поминувања низ лентата за Таг уред во Македонија, 0% во Србија (со нивни уред), 0% во Хрватска (со нивни уред).
Со тој српскиот таг уред за отворен балкан, конфигуриран за плаќање по извршена услуга, повторно имав мнооогу неуспешни поминувања во Македонија, 0% во Србија.
На уред поставен на препорачаното место на ветробранското стакло, при препорачана брзина на поминувања низ антените, ако системот не го препознае, тоа не е кривица на корисникот, дури и ако шалтерскиот работник, па и шефот го вадат тој уред и мафтаат со него надвор од возилото, па и неколку пати го враќам возилот напред назад покрај влезните антени, па и ако системот ми наплати повисока категорија на возило оти се враќам назад па системот констатира повеќе оски на возилото, тоа не е грешка на корисникот. Тагот од отворен балкан што нашиот систем го чита со мака кога уредот е на ветробранското стакло, во Србија истиот уред го чита кога е во фиоката под наслонот за раце меѓу предните седишта. Мислам дека тоа е носпособност на нашиот оператор да ја управува опремата.
Констатацијата дека народот е прост, повеќе би рекол дека е необразован. Па системот со таг уред е направен за необразован, прост и глуп народ, за американци. А тоа што упатствата за подесување и дополнување на системот ви се како да објаснувате квантна физика на прваче и веб страната е рудиментирано проектирана за употреба во 2026 година и непроменета од дедо ное па до денес, тоа е за критика. Ако сте констатирале дека народот е „прост“, зошто не ја приспособите вашата веб страна према капацитетот на таквиот народ?. Србите неколку пати го менуваа веб интерфејсот на системот, хрватите да не спомувам колку пати, операторите грчки еве сега пак менуваат, турците на секое мое одење кај нив имаат нешто друго на веб страната и друг модел за пакети и плаќање. Во Македонија остана системот со наплата која одговара на операторот, не на корисникот, со претходно земање пари. Ништо не се промени во сите овие години. Ама тоа не е грешка на корисникот. Мислам дека е тоа нефлексибилност и неспособност на нашиот оператор да ја управува опремата.
Имам впечаток дека си дел од вработените во јавното претпријатие за дупки на патиштата и дека критикава ќе ја пренесеш каде треба.
Операторот на опремата е премногу самозадоволен. Операторот на опремата никогаш не направил реклама, конференција за и со корисниците, не го испитал мислењето на корисниците. Операторот на опремата не се грижи за корисниците. Можеби му е страв дека ќе слушне дека операторот наплаќа патарина кога патот се сервисира, кога патот не ги задоволува условите за пат со наплата, патот има многу дупки, камења и карпи по дожд, трева и дрва израснати од кои не се гледа сообраќајната сигнализација, ризла која не е исчистена со години, челични одбојници кои стојат деформирани со години по некоја сообраќајка и се опасност за сообраќајот, несоодветно поставени сообраќајни знаци и хоризонтална сигнализација, илегални приклучоци на патишта со наплата на патарина, скокалници пред мостови, неквалитетно изработени дилатациони фуги на сите мостови, нерамни сообраќајни ленти од патиштата... На операторот му е страв да слушне дека возилата „помазно“ одат по патиштата во Србија и Хрватска отколку овде (да не гледаме подалеку на запад) и дека таму со задоволство плаќаме патарина а дома се чувствуваме измамени од операторот...
Е, да, со последната твоја порака се сложувам, за тоа камшикот треба да се удри по вас.
P.S. Пораката содржи иронија и добро намерна критика. Критиката треба да вроди плод. Очекуваме да операторот корегира се ова што му е напишано во нареднава година, година и пол. Едноставни корекции се тоа. После ќе напишеме и дополнување на критиката.