Заборавате и дека има луѓе што не веруваат во Таг, Картички и слично и сакаат да си платат така патарина. За жал мн далеку сме од комплетна дигитализација на било што во Македонија. Многу необразован народ има што несака да прифати дека времињата се менуваат и дека некој работи се за подобро на сите, а секако дека и инатот и егото се големи па затоа е како што е скоро секаде.
Мал пример, силом-прилике морам да работам со една државна институција на која што наместо да и праќам спецификации и уште мал милион документи по меил, морам да ги напишам на Ексел и да ги однесам иштампани лично на шалтер, таму чекам да ми заверат документот. Потоа од како ќе се заврши работата, по неколку недели морам да одам на истиот тој шалтер и да земам фактура и записниците за работата заради тоа што никој несака да прати електронски ништо. А работата е толку лоша па што и вработените во државните институции не сакаат да праќаат по пошта заради тоа што некој треба да се замара да го однесе документот до пошта и да напише плико, а вака јас морам да одам да си го земам и никој не се мачи
Е сега кај нас и поштата е крахирана па неможам ни да го пратам документот по пошта, заради тоа што може да стаса по 3 недели таму (ако стаса).
Така веројатно е и во ЈПДП