Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 12101 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #60 на: 29 Јули 2024, 20:23:21 pm »
Праша, му дадоа линк и БУКВАЛНО не го ни отворил линкот за да прочита што пишува


Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7707
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #61 на: 29 Јули 2024, 21:34:53 pm »
Миладиновци ќе ја средат со мкарт и м таг за брзо а за тетово и гостивар прво треба пат се направи па после дури ќе ги обновуваат. Значи за едно 100 години од сеа.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #62 на: 29 Јули 2024, 21:45:05 pm »
Миладиновци ќе ја средат со мкарт и м таг за брзо
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Да те корегирам, на наплатната станица Миладиновци работи Mcard, на секоја наплатна куќичка имаш сензор пред прозорот. За жал, брзината на реагирање на сензорот е секогаш бавна, ужасно бавна.
Читач на ТАГ нема.
Доколку сте забележиле, на секоја сообраќајна лента каде има сензори за ТАГ уред, пред рампата има портокалов столб со читач за Mcard.

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7707
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #63 на: 29 Јули 2024, 23:03:51 pm »
Епа убаво кажав, ке биде опремена со м карт и м таг, ќе реновираат, цел систем ќе го менуваат.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #64 на: 30 Јули 2024, 04:18:58 am »
Праша, му дадоа линк и БУКВАЛНО не го ни отворил линкот за да прочита што пишува



Отворив и прочитав, не е јасно напишано.

Празни се картичка/таг и морам да додадам 300 денари при купување?

Исто дали има шанса да делат исти кредити картичка/таг? Кредите се врзани за уред, ама дали они имаат опција да ги поврзат да се заедно.
« Последно менување: 30 Јули 2024, 04:26:25 am DarthJe5us »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #65 на: 30 Јули 2024, 05:12:59 am »
Како не е јасно напишано?
Прејасно е напишано.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #66 на: 30 Јули 2024, 06:32:52 am »
Тагот е 1.200 ден ама за да го купиш даваш 1.500 ден, 1.200 за тагот и 300 за да ти стави пари на него.

И јас сум имал два пати проблем со тагот ама утврдивме дека причина за тоа било што колата позади мене беше многу залепена и прво го прочитало тој таг, затоа јас мораше да стојам и да звонам. После тоа припазувам на растојанието и сум немал проблем до сега.

Прекрасна работа, не отварам прозор, не фаќам пари и не застанувам.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #67 на: 30 Јули 2024, 07:40:32 am »
Миладиновци ќе ја средат со мкарт и м таг за брзо
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Да те корегирам, на наплатната станица Миладиновци работи Mcard, на секоја наплатна куќичка имаш сензор пред прозорот. За жал, брзината на реагирање на сензорот е секогаш бавна, ужасно бавна.
Читач на ТАГ нема.
Доколку сте забележиле, на секоја сообраќајна лента каде има сензори за ТАГ уред, пред рампата има портокалов столб со читач за Mcard.
Мислам на сите ленти има сензори за ТАГ и читач на Мкард, без разлика што некои се означени само за плаќање кеш. За Мкард сум убеден дека на сите има, некогаш кога нема кола пред мене идам на лентата за плаќање и само ја ставам картичката на читачот и нема никаков проблем
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #68 на: 30 Јули 2024, 07:56:17 am »
На крајните две има сензор за таг, како коцка е, горе се гледа, пишува фирма capcha така нешто. Во србија сензорот е многу по назад од рампата, па затоа може да се помине со 60/70+. Во грција е лошо изведено и треба да се намали скоро до запирање. На штипската патарина читачот на м кард е пред шалтерот, на сите останати после шалтерот за кеш. И да, тие со м кард што одат на м таг го изложуваат на голема опасност тој зад нив а и самите себе.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2661
  • Слобода или смрт
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #69 на: 30 Јули 2024, 08:29:33 am »


Свежиот воздух на патарина Преод вчера. Све наоколу гореше и беше во чад мислам дека би било прекрасно чувство да застанеш и да отвориш прозор.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1287
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #70 на: 30 Јули 2024, 12:27:24 pm »
Ајде малце логички констатации.
Годишна вињета е решение за сите проблеми.

Тагот е универзален уред за сите системи кои го користат. Скоро се освестија па македонските и српските тагови се заедно прифатени, врзани на апликација во чија база се САМО тагови купени во овие две земји. Други тагови (грчки, хрватски) неможе да се регистираат - не се во МК/СРБ базата. Истото е и во Грција и во Хрватска.
Иста глупост се и таговите кои МК граѓаните ги купиле во Србија, па за да работат во Македонија, мораат да одат во Путеви Србије да ги апдејтираат.
И неверојатна глупост е да неможеш да користиш таг купен било каде,во билокој сиситем, со оглед дека системот исто функционира и секој таг има единствен број. По примерот на еден мобилен телефон кој работи спрема тоа која картичка ќе му ставиш, односно на кој систем ќе го регистрираш.

Прикаската оди понатаму, па наскоро во системот ќе биле и Хрватска и Грција. Коа - никој не знае. Од просто решение, дај да искомплицираме.

Како врв на циркусот, Во Србија,Хрватска и Македниија, таговите се наплаќаат 20 Евра. Грците ги даваат градис. Бизнис столеќа са сингапурќанима - (ц) Шоиќ у Тесна Кожа.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #71 на: 30 Јули 2024, 12:35:00 pm »
Стварно не знам зошто сеуште имаме патарини на кои нема MCard и МTag. Oсобено што се работи за патарини на кои периодов има ненормално многу сообраќај.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #72 на: 30 Јули 2024, 12:45:24 pm »
Стварно не знам зошто сеуште имаме патарини на кои нема MCard и МTag. Oсобено што се работи за патарини на кои периодов има ненормално многу сообраќај.

Зошто ли?
Затоа што ќе треба некој, примен преку партија, да биде отпуштен од работа бидејќи ќе снема работа.


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #73 на: 30 Јули 2024, 13:18:38 pm »
не би требало тоа да е голем проблем, затоа што едноставно се средува со прераспределба на работната сила
ќе си добијат прераспределување во македонски шуми и ќе работат од дома

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #74 на: 30 Јули 2024, 13:28:18 pm »
не би требало тоа да е голем проблем, затоа што едноставно се средува со прераспределба на работната сила
ќе си добијат прераспределување во македонски шуми и ќе работат од дома
Од двор ќе работат.