Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 12075 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #15 на: 29 Јули 2024, 08:35:56 am »
Ако се уиргаш добро со картичката, можно е и да не застанеш воопшто, само да намалиш близу до застанување.

Надополнувајте по 350,00 денари минимиум, заради попустите. 4 до 6 денари имам попусти јас на патарините со картичката, зависи која.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3024
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #16 на: 29 Јули 2024, 08:40:44 am »
Мене пред 3 дена ми се деси - Петровец последна лента према СК крената рампа, поминувам со таг, не зема пари ама два пати засвире нешто од кај рампата.

Застанав, го прашав вработениот ми рече нема везе уживај сме ја заборавиле рампата крената, и си продолжив. На претходните патарини рампата беше спуштена и нормално си поминував со таг.

А тие што користат мКард на лента за мТаг треба да се стрелаат.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #17 на: 29 Јули 2024, 08:41:13 am »
п.с. од 100 поминувања на нашиве патарини со тагот, 10 ми биле проблематични, едноставно некогаш не го чита тагот.

Тоа е прилично голем процент и би требало да пробаат да го решат проблемот. Ете, има проблеми и со наши тагови, и со српски.

А дека е супер-практична работа, ехеее. Јас користам MCard (не ми е проблем да подзастанам секунда за да куцнам и признавам дека не ми се даваа пари за Mtag) и значително, односно целосно го елиминира дремењето на патарини.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #18 на: 29 Јули 2024, 08:55:51 am »
Јас користам таг од кога излезе, 5год можеби, сум имал незначителен број проблеми, 2-3 од кои еднаш ја скршив рампата на петровец. Го отчита а не ја крена. Какво возило имаш? Некои шофершајбни знам прават проблем со тагот.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3351
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #19 на: 29 Јули 2024, 09:08:36 am »
Ниедно возило не прави проблем со тагот, горе на шоферката кај што се греачите има избледен дел од двете страни на ретровизорот, тука не прави проблем, за тоа е оставено.
И јас се борев со Шкодата и ја открив Америка после 2 месеца...

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2661
  • Слобода или смрт
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #20 на: 29 Јули 2024, 09:08:41 am »
Јас користам таг неколку години и сум немал проблем досега ниту еднаш. А минувам патарини минимум 10 пати месечно ако не и повеќе. Не ретко ги прелетувам со 50 км/ч (да тагот на оваа брзина функционира беспрекорно) и добро е да се знае дека може да зезне и да отиде рампата. Ќе почнам да намалувам отсега и да минувам со некоја поразумна брзина.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #21 на: 29 Јули 2024, 09:22:27 am »
mCard и јас користам уште откако ја уведоа.

Само еднаш имав проблем, ми беше одземено повеќе денари (10 или така нешто). Им пишав мејл со поплака на Патишта, ми ги вратија парите. Не беше за десетте денари, туку ме копкаше зошто.
И да - ја користам mTag лентата некогаш бидејќи на Миладиновци - Штип и обратно, некогаш немаат означено лента за mCard, а имаат ДВЕ за mTag.
@smole - Намали доживљај и ти, ела стрелај ме.

Со грчкиот mTag понекогаш имам проблем, не ја чита. А стои на истото место каде што сум поминал на претходната патарина.
Но ми има заштедено минимум 4 часа чекање во две лета.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #22 на: 29 Јули 2024, 09:44:09 am »
mCard и јас користам уште откако ја уведоа.

Само еднаш имав проблем, ми беше одземено повеќе денари (10 или така нешто). Им пишав мејл со поплака на Патишта, ми ги вратија парите. Не беше за десетте денари, туку ме копкаше зошто.
И да - ја користам mTag лентата некогаш бидејќи на Миладиновци - Штип и обратно, некогаш немаат означено лента за mCard, а имаат ДВЕ за mTag.
@smole - Намали доживљај и ти, ела стрелај ме.

Со грчкиот mTag понекогаш имам проблем, не ја чита. А стои на истото место каде што сум поминал на претходната патарина.
Но ми има заштедено минимум 4 часа чекање во две лета.

Тоа што ти одзеле повеќе пари било затоа што кога влегуваш во лентата за патарината, одма после жолтиот ѕид од лева страна има поставено сензор, се гледа личи како рефлектор. Тој детектира со каков тип на возило си и соодветно да те смести во категорија за наплата.
Веројатно си поминал побрзо и сензорот грешно те отчитал. Ова ми го посочи тогаш вработената кога ја зимав Мкард, не брзај во лентата, туку кога влегуваш во самата патарина, вози споро да те отчита убаво сензорот.

Иначе на секоја лента има за Мкард да ја куцнеш картичката, така да со Мкард можеш да поминуваш на Cash, Mcard, Mtag и на тие што се со црвено означени бидејки на сите има ставено такво за да ја куцнеш Мкард картичката.


Јас си ја надополнувам по 1000че секогаш кога сумата ќе ми дојде на околу 300-400 денари, си имам оставено букмаркс на телефонот, ми го има запамтено бројот на картичката, пола минута работа е да си надополниш средства, веднаш се префрлуваат.

Така да @Vlatce-Vectra тоа се некои предности на користење на електронска наплата на патарина, прв во лента, макар и со Мкард, губиш 5 секунди во однос на тој со Мтаг, ама во однос на тие што се на лента во Кеш каде што знаело и по 15 коли да чекаш, јас со Мкард ќе имам платено, веќе ке возам 120 и ќе бидам едно 2 км после патарина од тебе.
А до Гевгелија ги имаш 5 патарини
« Последно менување: 29 Јули 2024, 09:49:19 am FiLo »

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2661
  • Слобода или смрт
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #23 на: 29 Јули 2024, 09:59:06 am »
Ме заинтересира ова дека ако минуваш побрзо ќе наплати повеќе и ископав дека имаат всушност историја за трансакции кога ќе се логираш и во еден месец ми извади 27 записи за минати патарини и од 2229 кредитот на 561 ми е спаднат што значи 1700 лаганица на патарини за подршка на северџанија за 1 месец. Не видов некаде да наплатило повеќе од тоа што треба. 

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3024
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #24 на: 29 Јули 2024, 10:03:08 am »

@smole - Намали доживљај и ти, ела стрелај ме.

Баш тебе те чекав да ми кажеш што да правам.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #25 на: 29 Јули 2024, 10:03:35 am »
Ме заинтересира ова дека ако минуваш побрзо ќе наплати повеќе и ископав дека имаат всушност историја за трансакции кога ќе се логираш и во еден месец ми извади 27 записи за минати патарини и од 2229 кредитот на 561 ми е спаднат што значи 1700 лаганица на патарини за подршка на северџанија за 1 месец. Не видов некаде да наплатило повеќе од тоа што треба. 

Ке ти наплати, само грешно може да те отчита,да те детектира како возило од друга категорија.
Затоа ништо не ме кошта да си намалам соодветно, дури и тие што ме прелетувале на патарина каде што е веќе 60 дозволено за да се наместат на Cash, после патарина веќе јас сум забрзал 90-100 км/ч кога они им се крева рампата дека платиле.

И јас ќе земев Таг, ама и Мкард врши работа, така да нема потреба. Башка со Мкард ете ќе мораш да отвориш прозор, ќе се пролуфтира малку колата :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #26 на: 29 Јули 2024, 10:05:06 am »
А тие што користат мКард на лента за мТаг треба да се стрелаат.

А каде да се користи кога има ситуации две ленти Cash што се со возила зафатени и две Мтаг слободни ленти ?

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1089
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #27 на: 29 Јули 2024, 10:13:11 am »
До негде се слагам со Смоле, ама па од друга страна вчера на Градско не ми се чекаше 20 возила пред мене. 3 кеш, 2 таг. Не е фер, нека намалат на кеш например. Нека бидат 2 кеш и нека чекаат 30 возила место 20. Мора државата да најде начин сите да ориситме нешто од тоа. Петокот пример накај Охрид, чекање ко идиот по 30 мин на патарина. Кој нема некаква каритчка нека ќека и 2 саати. За нас другите треба да има пристап побрз. На Скопје Тетово, неможеш во петок ни до M-tag да стигнеш.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #28 на: 29 Јули 2024, 10:16:06 am »
Тоа си е проблем на Патарина што не означуваат соодветно ленти на сообраќајот.

Ако веќе имаш Мтаг и Мкард, треба една лента Мтаг, една Мкард, останатото за Cash.

А често има само Cash и Mtag означено, така да во таа ситуација јас со Мкард сигурно нема да чекам 20-30 возила на Кеш за да оставам две слободни Мтаг ленти каде што поминуваат по само неколку возила.

И секако само 2-3 секунди трае задржувањето во лентата кога си со Мкард, само застануваш, допираш картичката, во истата секунда ја крева рампата, така да не знам што се потресувате толку.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4163
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #29 на: 29 Јули 2024, 10:17:53 am »
Полека малце, се испоколевте меѓу себе за мајмунлакот што го прави државата со безмислените патарини и астрономските цени на истите.