Автор Тема: Opel Insignia 2.0 CDTI  (Прочитано 4284 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #60 на: 14 Август 2024, 16:51:05 pm »
2.5 литри треба да користиш. Имаш прва генерација на М32. Би ти препорачал Fuchs Titan Sintofluid 75w80. Истото го користат и WG Motorworks (тјунери на vauxhall и специјалисти за М32 менувачи).

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #61 на: 14 Август 2024, 17:22:09 pm »
2.7 литри на мојот старо-нов М32 менувач му сипав, а по книга е 2.4 литри. 2.5 литри е точно до долната штопна и претекува.

Насекаде читав дека за тој менувач препорака е барем 300 мл над препорачаната количина од книгата да се става, некои има што ставале и 3 литри.

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #62 на: 15 Август 2024, 08:32:54 am »
Точно, јас ставив 2.7L Tutela 75w85 по препорака тука и надвор од форумов
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #63 на: 16 Август 2024, 21:35:31 pm »
Bi trebalo kaj tebe  da e F40 menjacot M32 e kaj benzincite , proveri si ubavo

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #64 на: 16 Август 2024, 21:39:27 pm »
M32 е, по киловатите и моторот. Инаку М32 се појавува и во астра Х 1.3 1.7 и 1.9 дизел, корса Д дизел, астра ј дизел и слично.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #65 на: 16 Август 2024, 21:45:00 pm »
Затоа што производител на М32 менувачот е Џенерал Моторс.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #66 на: 16 Август 2024, 21:47:38 pm »
Da vo pravo si M32 e.
Stavi nekoe po kvalitetno ulje I koga ke prozue menjas lageri I toa e

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #67 на: 16 Август 2024, 22:01:49 pm »
Кај нас нажалост нема мајстори што можат прописно да го средат тој менувач, поточно го немаат соодветниот алат за да измерат до стота точно колкави шајбни треба да се стават под лагерите.

Така да нека не пробучат лагерите :D

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #68 на: 04 Септември 2024, 19:48:03 pm »
Луѓе дајте ми препорака за некој добар мајстор што би можеле да направат промена на маслото во менувачот?

Немам никакви проблеми ете ама со обзир на тоа дека е таков каков што е сакам да го сменам превентивно ете и не можам да најдам добро место каде да го направам тоа.

Се јавив во Аутомакедонија и цената кошта 4138 денари со вклучено ДДВ, но промената подразбира оригинално Opel масло.
Во Opel сервис Ванчо исто така се јавив, му побарав понуда и ми бара 3л х 1800 на секое литро + 2000 работна рака што реално ми е скапо со оглед на тоа што и нема опција со сопствено масло туку само со неговото што е Motul Gear 300 75W-90 и тоа не ми се допаѓа бидејќи после препораките овде на форумот истражував доста и заклучив дека COMMA MVMTF PLUS, Fuchs и Tutela се најдобрите избори за овој менувач.
Во Астра МС не ми се остава ова на нив ако има подобра опција би сакал да слушнам.



Друг апдејт: Инсигнијата моментално е на пауза бидејќи чека замена на МАФ сензорот, кој испадна главен виновник за проблемот со губење на снага. Се избрзав со коментарите овде *facepalm*, не видов дека и тогаш се појавила истата грешка. Го исчистив сензорот, но изгледа веќе си го отслужил своето и нема подобрување. За да бидам сигурен дека е до МАФ, го проверив на различни компјутери, и потврдено е дека проблемот не е од ДПФ или од грешката за насилно влегување, туку е дефинитивно од МАФ.

Накратко, после регенерацијата навидум сè беше во ред, освен што на брзини над 120 км/ч ме лимитираше, па мораше да намалувам и повторно да кревав за да го заобиколам тоа. Меѓутоа, по извесно време, пак почна да влегува во limp mode и веќе некое време е оставена во мирување додека го сменам сензорот. Би требало да биде средено тоа утре/задутре се надевам. Додека го средам ова, се движам со некое од другите возила по дома ;D



После подолго време возење со затемнети стакла (80%), можам да кажам дека генерално е добро и безбедно и во квечеринска вожња, освен ако не се најдеш на места налик на црна дупка каде нема ни трошка светлина од канделабри или било какво осветлување. Во такви ситуации може да биде тешко да се забележи нешто одзади.

За среќа, задната камера има сопствено осветлување, па покрај задните фарови кои силно сјаат во комбинација со екранот покрај левиот и десниот ретровизор, ми дава дополнителна сигурност при маневрирање во такви средини. Ако нешто значи, имам добар вид и не носам диоптер. Но, за среќа, ретко се наоѓам во таква темна околина.
« Последно менување: 04 Септември 2024, 22:26:26 pm Makedons »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #69 на: 05 Септември 2024, 17:36:57 pm »
https://www.google.mk/maps/place/Boulevard+Ilinden+192,+Skopje+1000/@42.0090144,21.3883614,185m/data=!3m2!1e3!4b1!4m6!3m5!1s0x135414707c4ee527:0x140a6d42749ca708!8m2!3d42.0090134!4d21.3890065!16s%2Fg%2F11j0r93dj4?hl=en&entry=ttu&g_ep=EgoyMDI0MDkwMi4xIKXMDSoASAFQAw%3D%3D

Отиди овдека, на таткоми на колега, синот негов работи, Петар се вика, тој ми го смени маслото во новиов менувач што го ставив. Кога ќе влезеш тука, од лево се наоѓа сервисот во објектот, не е Тахир иако е во негов склоп.
Го сменивме со пумпа го досипуваше баш од долната штопна.

Баш ми посочи од каде се дотура, одоздола има штопна и точно 2.5 литри собра до таа штопна, (по книга 2.4 литри треба да се стави), ама на мое барање од горната штопна уште 200 мл дотуривме, тамам за плус 300 мл од книгата.
Иако се мислев да ги турам сите три литри.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #70 на: 05 Септември 2024, 18:01:18 pm »
Ти благодарам за препораката, кога ќе имам време ќе го посетам местото!

Искрено, мислам дека е доволно 300 мл екстра, 3л е премногу и малце шубе ме фаќа да не пукне нешто ептен кнап ќе биде така, иако има доста такви примери каде ставаат и по 3 литра.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #71 на: 02 Октомври 2024, 13:46:17 pm »
Да споделам што се случуваше изминатиов период, бидејќи не бев активен поради обврски, плус штотуку се вратив од летен одмор.

Со цел да се надмине проблемот со „limp mode“, беа заменети неколку компоненти:

• Нов Bosch МАФ сензор (GM# 55562426, 6.000 ден.)
• Нов сензор за диференцијален притисок (GM# 55566186, 3.000 ден.)
• Ново црево за интеркулер (GM# 23163578, 7.000 ден.)



По проверката со неколку различни дијагностички уреди, кои покажуваа исти грешки, прво помислив дека проблемот е во сензорите. Го заменив МАФ сензорот, а потоа и сензорот за диференцијален притисок, но тоа не го реши проблемот.

Понатаму, по дополнително истражување, дознав дека има повеќе сценарија кои можат да го предизвикаат овој проблем кај Инсигниите. Еден од предлозите беше да се провери цревото кај интеркулерот. Иако визуелно не можев да најдам пукнатина, при стискање на гаста открив дека цревото пропушта воздух. Потоа го заменив тоа црево. Перформансите на колата се подобрија, но проблемот сè уште не беше целосно решен. Исто така, ги проверив и другите црева зад моторот, но тие беа во добра состојба и не пропуштаа воздух.

На крајот, откако проверив и други можни причини кои се покажаа во ред, последна опција остана чистењето на ДПФ.
Автомобилот беше однесен во Центар за декарбонизација на мотор каде што чистат ДПФ за овластени сервиси како Автомакедонија и други. Тоа ме чинеше 9.000 денари.

Интересното е што на денот кога требаше да се однесе автомобилот на чистење (јас бев на одмор во Крф, па никој не го возел автомобилот во тој период), татко ми ја пробал колата пред да се однесе и таа почнала да влече како луда. Кога ми го кажа ова, не дека не ми падна мало двоумење дали треба да се однесе или не, ама сепак разумот преовлада и Инсигниата си го доби потребниот третман и беше исчистена соодветно.

Сè на сè, не жалам за вложените пари или нешто, мене само ми фалеше Инсигниичето периодов и среќен сум што повторно влече како што треба. Се надевам дека нема да има изненадувања во блиска иднина.

Во меѓувреме, од Лидл кај јужниот сосед купив голема церада за седан за околу 15-20 евра, пишува дека е отпорна на временски услови и водоотпорна (+50°C | -30°C), со 3-годишна гаранција  ;D.
Исто така, купив нова четка за чистење бандажи со различна форма од таа што веќе ја имам, четка за прозорци, „slime“ за тешко достапни агли (никогаш не сум користел вакво нешто, па решив да пробам), а онлајн нарачав и нови четки за detailing во различни големини, за внатрешно и надворешно чистење. Се надевам дека ќе пристигнат што поскоро.
Last but not least, купено е и ново антифриз од 3л.



Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #72 на: 04 Октомври 2024, 17:53:40 pm »


Денес достигнавме 220.000 км со Инсигниата, морав да го овековечам моментот  ;D



Заборавив да спомнам во претходната објава дека го извадив новиот сензор за диференцијален притисок бидејќи се покажа дека стариот уште работи, што значи дека непотребно го купив. Ако најдам некој на кој му е потребен, би го продал, или ќе го сочувам во случај да ми затреба во иднина.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #73 на: 28 Октомври 2024, 23:27:12 pm »
This might not be everyone's cup of tea, но го сменив осветлувањето на вратите предни со ЛЕД ламбички кои го емитуваат логото
Ми се допаѓа како изгледа