Одамна ме немаше на темава, па време беше да фрлам апдејт што се случуваше последниве неколку месеци 😄
Негде околу Black Friday си се почастив со OPC педали – баш убаво си легнаа на Инсигнијата.
А бидејќи обожавам хром, следни беа рачките на вратите – сега и тие се хромирани.
За жал, меѓувреме добив неколку врати и бев закачен на паркинг од ботлаци – ама полека ги средив несовршеностите, едно по едно.
Купив повеќе LED сијалици со FCC и CE сертификати, ама H1 и H7 не ми одговараа – едните преголеми, другите не одговараа - требаше смеса да се донесе. Бескорисен трошок направив бидејќи ме коштаа по 2.000 денари.😅
Така што, предните светла сѐ уште се фабрички, освен DRL кои ги сменив во бели. Фрлаа грешка, ама со 50W отпорници сега е топ.
Задните фарови – делумно сменети со LED, дел ќе се сменат наскоро, само време да најдам.
Сменети и ентериерните жолти сијалици со бели (6000K), а и оние на регистрацијата. За внатре се уште сум поделен дали ми се допаѓа белата или оригиналната amber yellow, ама на таблиците дефинитивно ми е многу полична ваква. А со тоа што се каде-каде посветли сијалиците на таблицата + камерата за рикверц има LED осветлување на неа, сега на екранот гледам како дење да е. Што дополнително помага и е од корист во мракот, плус затемнатите стакла.
Страничните трепкачи ги сменив со овие:
https://imgur.com/onjBTpFНа 26 март направив промена на сетот – зимските (Sava Eskimo HP2) ги ставив на 220.840 км, летните (Tigar Ultra High Performance XL 100W) ги ставив на 222.840 км.
Кога го запишував ова, морав да double-check-нам... баш рамно 2.000 км – ни повеќе ни помалку 😄
И да, искористив продолжениот викенд + неколку дена од одмор и си направив detailing во сопствена режија, во дворот во Кавадарци. Секое "запоставено" делче го изгланцав.
Нормално, кога веќе се фатив – следеше и полирање, па и заштита однадвор.
Баш ми е по мерак сега!
Не знам колку се приметува вака, ама еве и по некоја фотка од финалниот изглед (не ме бива за правење слики, ниту пак имав добро осветлување

)


После дождот во средата:


Еве како се понаша со water beading на денешниот исклучително пороен дожд кој го фатив од Тафталиџе па се до Аеродром:



Во меѓувреме – малку прошетки низ Македонија и Грција, се вози без мака, си тера како што треба.
Здравје викендов во план ми е посета на Мелник, значајно место за нашиот цар Пирински - Јане Сандански.
Следно на листата: летен сервис – масло и филтри.