Автор Тема: Загубен Клуч Голф 6  (Прочитано 946 пати)

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Загубен Клуч Голф 6
« на: 14 Јули 2024, 18:38:27 pm »
Здраво луѓе, ако може мала помош. Денес го загубив клучот от голф 6, а резерва немам. Колата е отворена моментално, дали има шанси да се направи нов, дали ке има проблеми со палењето, дали има кодови и некои слични работ?

Колку е комплициран процесот и дали е скап?

Ако може некој што има искуство да сподели некои совет би бил благодарен.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #1 на: 14 Јули 2024, 19:07:44 pm »
Две опции се достапни според мене:
1. Одиш на клучар, ти режат клуч според бравата, му ставаат чип внатре, па потоа одиш кај друг дијагностичар (или пак истиот кој прави клучеви, ако го работи тоа), читате pin од immo и преку VCDS кодирате. Ова е подобро.
2. Одиш на клучар, ти режат клуч според бравата, одиш кај дијагностичар/тјунер и ти гаси имобилајзер. Малку е понесигурна колата така бидејќи и без кодиран клуч може да ја запали и украде. Но, тој што се решил да краде е спремен на сѐ, така да сеедно ти е.

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #2 на: 14 Јули 2024, 20:22:21 pm »
Фала ти другар на советите, јасно. Практично и двата начина се слични самошто кај едниот имаш кодиран клуч за побезбедно возило.

А дали тоа ке значи дека ке морам рачно на бравата да ја одклучувам колата ако нема кодиран клуч?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #3 на: 14 Јули 2024, 20:32:46 pm »
Има два типа на кодирање - едниот е на имобилајзерот (читај за палење на колата), а другиот е за централно отклучување (преку копче на клучот). За двата треба клучар или дијагностичар. Сѐ си кошта.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #4 на: 14 Јули 2024, 20:56:33 pm »
Голф 6 нема да пали ако не е кодиран клучот. Можеби ќе можеш да ја отклучиш механички колата, ама самата кола нема да запали после тоа. Не препорачувам експерименти во форма на деактивирање имобилајзер и слични други гимнастики. Направи си ја колата како што треба.

Нов оригинален клуч е околу 200 Евра.

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #5 на: 14 Јули 2024, 22:18:21 pm »
Голф 6 нема да пали ако не е кодиран клучот. Можеби ќе можеш да ја отклучиш механички колата, ама самата кола нема да запали после тоа. Не препорачувам експерименти во форма на деактивирање имобилајзер и слични други гимнастики. Направи си ја колата како што треба.

Нов оригинален клуч е околу 200 Евра.

Ако би толку коштал клучот па не е много, најдобра варијанта ке е таа. Од каде ке може да се купе оригинал клуч? Сигурно ке треба тој да се кодира спрема кодот на колата или?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #6 на: 14 Јули 2024, 22:27:52 pm »
Во Порше Македонија. Ќе почекаш неколку дена да стигне. Само не сум 100% сигурен дека ќе можат да го изрежат без барем еден примерок од оригиналниот клуч.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #7 на: 14 Јули 2024, 22:29:09 pm »
Во Порше ќе завршиш со нова комплет брава со нов имобилајзер. Ќе те кошта многу. Само кај добар клучар.
Клучарите земаат 3500-4000 за клуч + 1500 денари за читање на имобилајзер.

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #8 на: 14 Јули 2024, 22:31:31 pm »
Во Порше ќе завршиш со нова комплет брава со нов имобилајзер. Ќе те кошта многу. Само кај добар клучар.
Фала ти многу, ќе пробам прво да ги исконтактирам преку телефон и да видеме дали ќе може нешто да предложат, пошто не сум од Скопје.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #9 на: 14 Јули 2024, 22:34:30 pm »
Од кој град си?
Можеби некој клабер ќе ти даде конкретен одговор за тој град.

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #10 на: 14 Јули 2024, 22:42:57 pm »
Во Порше ќе завршиш со нова комплет брава со нов имобилајзер. Ќе те кошта многу. Само кај добар клучар.
Клучарите земаат 3500-4000 за клуч + 1500 денари за читање на имобилајзер.
Имам познат клучар, ама проблем е што немам копија да го ископират, ваљда ке треба да се вади цела брава незнам. Тој работи само со клучеви, колата е 2010, незнам дали ке може да пали после тоа само со клуч или клич + код Имобилајзер). Затоа дојдов на форумов да слушнам различни размислувања.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #11 на: 14 Јули 2024, 22:44:34 pm »

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #12 на: 14 Јули 2024, 23:00:47 pm »
Објави по групи изгубено најдено по нет можеби некој ке го најде и ке ти го врати , провери уште еднаш каде си се движел последен пат -пробај размисли во кој момент се случи после напуштање на колата да приметиш дека клучот ти го нема- провери и со некој ако си бил во колата можеби по грешка завршил кај нив. Мој совет уште еднаш се врати таму каде си се движел и до моментот каде примети дека ти го нема клучот отиди таму по разврти се можеби е таму . За клучар имаше веке објавено пост проверено @Carpathian Lord ке ти сподели контакт од клучар / или види во темата мајстори препораки така нешто беше како кроз магла се секавам знам имаше некој клучар кој споделиа инфо.Има еден клучар у веро тафталиџе пробај кај него

Отсутен Маркер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #13 на: 15 Јули 2024, 09:18:35 am »
И друго да прашам, најдов на старо брава со клуч, ако се замени бравата, дали централното заклучување ке работи? Пошто друга контактна брава незнам дали ке може да ја заклучам колата.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Загубен Клуч Голф 6
« Одговори #14 на: 15 Јули 2024, 09:36:11 am »
без код нема да палит, 100%. кодот и имобилајзерот е еден пар, централното и далечинското уште еден пар. Централното е околу 1500 ден,не е проблем и да го мениш комплет, ама за кодот и имобилајзерот... и да го гасиш имобилјазерот кошта и да ти направат чипче со код кошта ( мислам исто од прилика )