Автор Тема: Оштетена каросерија  (Прочитано 3317 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6450
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #30 на: 24 Јуни 2024, 07:02:36 am »
Пооо од еден камен колку раката што нагази што се случе, ами замисли на некоја компресија да маниш, колата на пола.

По хромот на вратата се познава тука дека и стружеле.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5933
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #31 на: 24 Јуни 2024, 10:44:04 am »
Толку добро нашминкана била претходно, ела познај ја, преваранти од прв до последен...
Имаш слика од колата пред ударот?

Отсутен Andrei87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #32 на: 24 Јуни 2024, 13:02:32 pm »
Толку добро нашминкана била претходно, ела познај ја, преваранти од прв до последен...
Имаш слика од колата пред ударот?
Најдов една

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5559
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #33 на: 24 Јуни 2024, 13:48:29 pm »
И хаубата не лежи како што треба, види ја линијата меѓу хаубата и крилото, горе коро и да нема празнина измеѓу, накај фарот зее.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5933
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #34 на: 24 Јуни 2024, 14:01:56 pm »
Тешко да зачекаш термин кај добар автолакер периодов. Единствено ако планираш да ја правиш да те "пикнам" преку ред кај добар автолакер во Прилеп за наредна недела. За другите градови не знам, во Прилеп има еден предобар автолакер кој има закажано до декември термини, другиот паузира.

Мада, најдобар совет би било да ја понудиш кај 10 растурачи на VW и кој даде најдобра цена нека ја плати.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #35 на: 24 Јуни 2024, 14:11:26 pm »
Тие растурачите уште наредната недела ќе ја имаат закрпено и огласено како исправно возило...
Не може никој да процени колку била оштетена, само чим од камен вака напукнал китот... не е безбедна за возење.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29679
    • CARclub.mk
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #36 на: 24 Јуни 2024, 14:55:53 pm »
Тешко да зачекаш термин кај добар автолакер периодов. Единствено ако планираш да ја правиш да те "пикнам" преку ред кај добар автолакер во Прилеп за наредна недела. За другите градови не знам, во Прилеп има еден предобар автолакер кој има закажано до декември термини, другиот паузира.

Мада, најдобар совет би било да ја понудиш кај 10 растурачи на VW и кој даде најдобра цена нека ја плати.

Јас не би препорачал лакер. Нема потреба. Не е за лакер колата. :/

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13941
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #37 на: 24 Јуни 2024, 20:53:16 pm »
Вака сеа еден совет.

Колава не е безбедна. Ама скрос не е безбедна.

Јас да сум на твое место би се договорил со некој што растура Пасати да ја расходова за делови.

Ќе земеш некој на душа, деца ќе вози.

Не се зафркавајте со вакви работи.

Ќе земеш "доста" пари како делови. Мотор, менувач, крила, електрика... Ќе вратиш доста од иницијалната инвестиција.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #38 на: 25 Јуни 2024, 10:04:16 am »
Имам преостанато една проверка на CarVertical за ВИН број. Доколку сакаш прати ми го бројот на шасијата во ПП, ке направиме проверка.
Меѓутоа ако била оштетена во Македонија, и поправката е тука, не верувам дека ќе извади некакви податоци.

Отсутен Andrei87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #39 на: 25 Јуни 2024, 12:52:01 pm »
Имам преостанато една проверка на CarVertical за ВИН број. Доколку сакаш прати ми го бројот на шасијата во ПП, ке направиме проверка.
Меѓутоа ако била оштетена во Македонија, и поправката е тука, не верувам дека ќе извади некакви податоци.
Фала многу али џабе е веќе што и да барам. Нека стои проверката за некој кој тек ќе купува кола. Или за брзо време коа ќе почнам да  барам нова ќе ти пишам па ако го чуваш ќе пребараме.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #40 на: 25 Јуни 2024, 12:56:12 pm »
Во ред, нема никаков проблем.
Не сум никаков експерт за лимарија, ама за отприлика да знаеш дали е калемен цел кров, или имало оштетување само овде на овој А стуб, провери ги останатите стубови на возилото (Б стуб меѓу двете врати, и задните стубови кај задно стакло).
Отприлика може да се осети различен звук кога тропаш на лим, и китиран лим.
Или евентуално вадење на тапацир внатре и кровче, секако ќе открие што е работено. Мада, и внатре ако е еднаш кола растурана, знае да се познава...

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2352
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #41 на: 25 Јуни 2024, 14:44:31 pm »
Има и оние мерачи на дебелина на лим, дигитални, ќе ја провериш со помалку мака, чисто да знаеш каков е преостанатиот дел
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #42 на: 25 Јуни 2024, 14:57:36 pm »
Обичен магнет ќе заврше работа,каде има кит магнетот не фаќа.

Sent from my 23021RAAEG using Tapatalk


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 397
  • The best or nothing.
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #43 на: 25 Јуни 2024, 15:04:48 pm »
Се се прави или поправа, само дали е финансиски исплатливо.
Мене не ми е јасно, зошто ставиле 2 прста кит. Зошто не влечеле уште, или не го смениле цел стуб...

Не паничи. Прво видете што е правено на колата, па тогаш ќе мислиме што понатаму.
Може да е тоталка, а може и дрво да паднало, па мајсторите ги мрзело, и ставиле кит само.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #44 на: 26 Јуни 2024, 12:47:09 pm »
колава дефинитивно е сработена лошо, под китот е варено, без разлика зошто е варено А стуб(па и секој друг) не се вари на средина(калем мајсторски кажано) при ваква поправка треба да се извади од фабричките варови(пункт) и да се замени исто како што било прицврстено од фабрика заедно со внатрешните панели, се друго е опасно по живот како ова на сликите.
ако било само набиено(дрво или незнам што) нема да биде заварувано.

друго, овие пасати се склони на корозија така да верувам дека на конкретнава кола среден праг(главното појачување) не постои и затоа вака се извиткала каросеријата при мал напор, во смисла и без кров да е нема да се извитка вака на толку мал удар.

ако веќе се одлучиш да ја поправаш колава, добро да ја прегледа мајстор што е сменато на колава и како е заварено за да не дојди до истото.

дека се поправа колава нема збор, колку финансиски ке ти е исплатливо незнам бидејки без донор возило јас ова не би го пипнал

ова е калем(како не треба)


ова е внатрешниот структурен панел и како треба да се промени(не најдов слика од а стуб ама исто е)


не структурни делови(тоа што го гледаме од надвор) и да не е по пропис не е опасно само е грдо естетски но структурата мора да биди по пропис

имаш голема среќа што ти се случи вака а не во недајбоже ситуација.