Дека ќе се санира ефтино, нема, дека ќе биде како што треба да биде, нема. Како што ти пишал Дени погоре, шофершајбната ти е одделена од каросеријата, значи се е извиткано, тоа малце што се гледа е најмалиот проблем!
Не знам дали ти е јасно дека при удар во камен ти се распукала структурата на возилото која треба да те штити во случај на сообраќајна несреќа и служи за ти и твоите сопатници да преживеете. Замисли што би се случило да те мавнал некој што движел во спротивет правец. Ова ти е сега како да се возиш у кола од картон наместо од челик, па ти избери дали треба да ја правиш или не.
Мој совет е провери си и дали воопшто имаш и ти се функционални воздушните перничиња.
Пак ќе кажам, возилото е најверојатно сечено, лепено и монтирано, барем така изгледа.