Автор Тема: Препорака за ново возило - КИА или Тојота  (Прочитано 6508 пати)

Отсутен dimaria

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Здраво на сите,

во последниве неколку месеци разгледувам нови автомобили и изборот ми се сведе на Тојота Корола Седан 1.8 Hybrid E-CVT 140кс или Киа Спортејџ Хибрид 1.6 T-GDI HEV 230кс. Королата е 30 040е, а Спортејџ 34 500е.

Дилемата ми е следна:

- Киата изгледа предобро, футуристички, поголема комоција, SUV, моќна(230кс = 160 бензин и 60 електричен мотор), но на батеријата даваат само 5 години гаранција и немаат некое искуство со хибридите затоа што скоро почнале со производство. Дури и продавачот малце ми делува песимистички што после тие 5 години. На мотор и менувач даваат 7 год гаранција што е океј.

- Тојотата, исто ми изгледа многу убаво, има за неколку работи послаба опрема(ама пак во некои работи и подобра, тука негде се), ама пак даваат 10 години гаранција на батерија и 10 години на мотор, менувач... Тојота е подобар бренд, па очекувам и ако некогаш дојде време за продавање дека Тојотата ќе држи и подобра цена.

Сакам да слушнам ваше мислење, вреди ли да се пуштам во авантура со Спортејџ, иако не се баш сигурни во хибрид технологијата?
Некако разумот ми вели да одам со Корола, ама кејфот е некако кај Спортејџот.  :-X

Поздрав до сите

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #1 на: 07 Јуни 2024, 21:26:37 pm »
Ако планираш да ја возиш колата повеќе од 5 години, ја би ја зел Тојотата. Сепак, земи провози ги и двете коли. Изглед, опрема, гаранција, се може да ти стане небитно, ако колата не вози добро.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #2 на: 07 Јуни 2024, 21:27:53 pm »
Скоро истата дилема ја имав и јас пред 5 години , и победи Спортажот , и искрено не се каам за одлуката .

За буџетот со кој располагав , дилемата кај мене беше помеѓу обичните бензиски верзии , со првото ниво на опрема . Королата имаше повеќе безбедносни системи ама одеше со челични бандажи,гумен волан ,гумена рачка на менувач,тапа инфотејнмент без андроид ауто, што ми го "убиваше" филмот. Спортажот поубав на око ми беше , со алуминиумски бандажи ,кожен волан и рачка на менувач, така да одлуката ми беше релативно лесна.

Многу битен момент ми беше и цената на сервисите во гарантен рок , каде во Тојота беа бааги поскапи , па скоро дупло .

Размисли си убаво,твои си се парите , ние овде можеме триста предлози да ти дадеме ,сепак одлуката на крајот на денот е твоја .

Поздрав


Отсутен dimaria

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #3 на: 07 Јуни 2024, 21:53:08 pm »
Ако планираш да ја возиш колата повеќе од 5 години, ја би ја зел Тојотата. Сепак, земи провози ги и двете коли. Изглед, опрема, гаранција, се може да ти стане небитно, ако колата не вози добро.

Смешно е што ги немаат за тест возила. И киата и тојотата ги пробав обичните, бензински мотори. Пробав Корола Хечбек Хибрид, таа беше супер, ама не е исто седан и хечбек.

Бидејќи ми е голем финански залак, планот ми е да ја возам повеќе од 5 години секако, така што...делува тојотата е подобар избор.

Отсутен dimaria

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #4 на: 07 Јуни 2024, 21:55:08 pm »
Скоро истата дилема ја имав и јас пред 5 години , и победи Спортажот , и искрено не се каам за одлуката .

За буџетот со кој располагав , дилемата кај мене беше помеѓу обичните бензиски верзии , со првото ниво на опрема . Королата имаше повеќе безбедносни системи ама одеше со челични бандажи,гумен волан ,гумена рачка на менувач,тапа инфотејнмент без андроид ауто, што ми го "убиваше" филмот. Спортажот поубав на око ми беше , со алуминиумски бандажи ,кожен волан и рачка на менувач, така да одлуката ми беше релативно лесна.

Многу битен момент ми беше и цената на сервисите во гарантен рок , каде во Тојота беа бааги поскапи , па скоро дупло .

Размисли си убаво,твои си се парите , ние овде можеме триста предлози да ти дадеме ,сепак одлуката на крајот на денот е твоја .

Поздрав

Можеш да споделиш дали си имал некој проблем со Спортажот во овие 5 години ? Мноооогу ми е поубав Спортажот :) 

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2705
  • Слобода или смрт
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #5 на: 07 Јуни 2024, 22:43:14 pm »
јас возев тест возило пред фејслифтот корола со 1.8 хибрид но тогаш беше 122 коња мислам. Како плус би ја издвоил удобноста бидејќи одлично пеглаше нерамнини. Како минус слабата звучна изолација па буката од мотор на моменти беше нетолерантна.

Истотака баш сега проверив и королата има многу помал ground clearence. Цели 5 цм разлика што искрено е голем проблем барем за мене.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #6 на: 07 Јуни 2024, 23:11:49 pm »
Corolla Cross да ти ги скратам маките

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #7 на: 07 Јуни 2024, 23:58:14 pm »
Pred da doneseh odluka, trkni do Dzevahir mall i dzirni gi Geely vozilata.
Ke se iznenadis za 30k sto mozes da dobies :D
Nema da steti da dzirnes nesto porazlicno pred da donesesh odluka neli.

Go with open mind thats all I'm saying!
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #8 на: 08 Јуни 2024, 08:29:59 am »
Скоро истата дилема ја имав и јас пред 5 години , и победи Спортажот , и искрено не се каам за одлуката .

За буџетот со кој располагав , дилемата кај мене беше помеѓу обичните бензиски верзии , со првото ниво на опрема . Королата имаше повеќе безбедносни системи ама одеше со челични бандажи,гумен волан ,гумена рачка на менувач,тапа инфотејнмент без андроид ауто, што ми го "убиваше" филмот. Спортажот поубав на око ми беше , со алуминиумски бандажи ,кожен волан и рачка на менувач, така да одлуката ми беше релативно лесна.

Многу битен момент ми беше и цената на сервисите во гарантен рок , каде во Тојота беа бааги поскапи , па скоро дупло .

Размисли си убаво,твои си се парите , ние овде можеме триста предлози да ти дадеме ,сепак одлуката на крајот на денот е твоја .

Поздрав

Можеш да споделиш дали си имал некој проблем со Спортажот во овие 5 години ? Мноооогу ми е поубав Спортажот :)
Никакви проблеми
само сервис еднаш годишно и тоа е тоа

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1921
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #9 на: 08 Јуни 2024, 11:26:33 am »
Јас би избрал тојота и мислам дека и да се одлучиш после 7-8 години да го смениш возилото многу по-неосетно ке поминеш по буџетот вложен  со Тојота од колку со Киа- така да ништо е вечно јас би избрал Тојота .
Срекно во секој случај што и да избереш ново си е ново.
За спортаж батко АРЈАН ако има време простор желба да сподели искуство со неговото ново есенско купено возило Спортаж тоа ке ти дојде инфо од прва рака во врска со Спортаж.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #10 на: 08 Јуни 2024, 17:59:14 pm »
- Земи ги и двете на тест, повози ги малце.
- После тоа земи Ford Kuga на тест и извози ја (ја даваат за 34к).
- После тоа земи Alfa Stelvio на тест ако ја имаат, онака за заебанција, не оти ќе ја купиш, над буџет ти е.

Ако после све тоа помислиш на Тојота или Киа, слободно намести си на навигацијата Бардовци и вози....

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #11 на: 08 Јуни 2024, 18:18:43 pm »
Пробај и мерцедес повози.

https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=5007435

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5720
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #12 на: 08 Јуни 2024, 18:32:50 pm »
Многу убав Мерцедес. Штета што само 50 км се поминуваат на струја, ама пак затоа може на бензин да се вози.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #13 на: 08 Јуни 2024, 18:35:56 pm »
Прекрасна кола. 50км на струја се сосем доволни.

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3424
Одг: Препорака за ново возило - КИА или Тојота
« Одговори #14 на: 08 Јуни 2024, 18:45:12 pm »
- Земи ги и двете на тест, повози ги малце.
- После тоа земи Ford Kuga на тест и извози ја (ја даваат за 34к).
- После тоа земи Alfa Stelvio на тест ако ја имаат, онака за заебанција, не оти ќе ја купиш, над буџет ти е.

Ако после све тоа помислиш на Тојота или Киа, слободно намести си на навигацијата Бардовци и вози....

Кугата вози како лимузина, јас би одел на Куга ако СУВ има предност.