Автор Тема: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition  (Прочитано 2701 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« на: 21 Мај 2024, 19:00:44 pm »
Деновиве пак возам Opel Astra, па малку да продискутираме.









Ова е Opel Astra Edition. Според ценовникот, основната Astra која може да се добие кај нас. Во комбинација со 1.2-литарски PureTech со 110 коња и мануелен менувач се купува (по каталог) за 23.080 Евра. Нашиве (стандардно) додаваат уште безжичен полнач и задна паркинг камера (со одлична резолуција) и по желба купувачот може да си додаде и некоја убава боја.

Е сега, што е интересното. Ова е основна Astra, а во основно ниво на опрема добива предни LED светла, светла за магла, дигитални дисплеи, гајтанлес Android Auto & Apple CarPlay, кожен волан, камера, сензори, 16-инчни тркала, одлични седишта, клима, темпомат-мемпомат и уште еден куп други работи. Поентата ми е дека веќе ни „основните модели“ не се толку основни. Кај нас има предрасуди дека „основен“ модел доаѓа без врати, не па нешто повеќе да има.

Искрено, ме радува оваа еволуција на нештата. Импортериве си ги наметнаа едни на други овие промени (барем во овој сегмент) и убава работа е.

Моторот не рика од перформанси. 110 коња, 205 Nm. 10.5 секунди до 100, 199 максимална. На отворено комотно круза со 130-140-150 без воопшто да се замара. Просечна градска потрошувачка - околу 8 литри на 100 километри (до сега).

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #1 на: 21 Мај 2024, 19:07:33 pm »
Тоа е затоа што е кренат стандардот за основна опрема. Порано оваа опрема беше скоро највисока, па имаше основна Астра без врати за 16000. Сега е напукана со све што ти треба и не треба и е 23000 (што е супер цена за комбинацијава)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #2 на: 21 Мај 2024, 19:25:06 pm »
Оваа Астра со ваква опрема и фарбана за тие пари мислам дека е една од најдобрите избори во МК. Нешто конкуренција има по малку, ама многу ситно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #3 на: 21 Мај 2024, 19:28:12 pm »
Ама не ми треба дигитални дисплеи, тачои мачои, камера, селфи стик! Сакам основен + клима, за 16.000е :(

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #4 на: 21 Мај 2024, 19:30:59 pm »
Ама не ми треба дигитални дисплеи, тачои мачои, камера, селфи стик! Сакам основен + клима, за 16.000е :(
И лед фарови, и алуминиумски бандажи, и сензори позади, и електрика на сите стакла, и боја.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #5 на: 21 Мај 2024, 20:04:43 pm »
Така, инаку 12.500.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #6 на: 21 Мај 2024, 20:04:47 pm »
Ама не ми треба дигитални дисплеи, тачои мачои, камера, селфи стик! Сакам основен + клима, за 16.000е :(

Дигиталните дисплеи не би ја намалиле цената премногу, а многу луѓе па ги сакаат. Уствари, веќе е реткост да се начека кола без некаков дигитален дисплеј и/или инфотејнмент. А Android Auto со Google Maps навигација е одлична работа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #7 на: 21 Мај 2024, 20:07:27 pm »
Ама не ми треба дигитални дисплеи, тачои мачои, камера, селфи стик! Сакам основен + клима, за 16.000е :(

Дигиталните дисплеи не би ја намалиле цената премногу, а многу луѓе па ги сакаат. Уствари, веќе е реткост да се начека кола без некаков дигитален дисплеј и/или инфотејнмент. А Android Auto со Google Maps навигација е одлична работа.
Фигуративно класен.. фигуративно.. Дај ауто, па со апгрејди да стигнеме до „вау, глеј што може да добијам за 23.000“.
Не секој ужива и му значат техникалииве, ама и 23.000 евра сеуште не се така мала пара..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #8 на: 21 Мај 2024, 20:09:52 pm »
Мислам дека веќе скоро никаде нема таква опција. Нема опција да нема екран, дури ни кај најевтините коли. Може да нема сензори, камери, итн - ама некаков инфотејнмент мора да има. Така ги прават ентериерите веќе, барем во оваа класа.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #9 на: 21 Мај 2024, 20:44:46 pm »
Би била топ ако идеше со 4ри цилиндраш. Вака е мех.Истто важи и за 308.

Не знам дали некој им кажал на Стелантис ама најдобра инвестиција што можат да ја направат е да го заменат моторов со некој 1.4 или 1.5 со 4ри цилиндри.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #10 на: 22 Мај 2024, 06:34:41 am »
Деновиве пак возам Opel Astra

Сочувство.

Ќе ми извините сите, ама си реков, да скратиме.  ;D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #11 на: 22 Мај 2024, 07:06:25 am »
Ама не ми треба дигитални дисплеи, тачои мачои, камера, селфи стик! Сакам основен + клима, за 16.000е :(

Дигиталните дисплеи не би ја намалиле цената премногу, а многу луѓе па ги сакаат. Уствари, веќе е реткост да се начека кола без некаков дигитален дисплеј и/или инфотејнмент. А Android Auto со Google Maps навигација е одлична работа.
Фигуративно класен.. фигуративно.. Дај ауто, па со апгрејди да стигнеме до „вау, глеј што може да добијам за 23.000“.
Не секој ужива и му значат техникалииве, ама и 23.000 евра сеуште не се така мала пара..
Ама ова е некој минимум за да е океј колата. А и цената е меѓу најефтините на пазарот.

Така да нема простор за надоле баш. 1к-2к макс а многу ќе се изгуби.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #12 на: 22 Мај 2024, 08:29:43 am »
Ама не ми треба дигитални дисплеи, тачои мачои, камера, селфи стик! Сакам основен + клима, за 16.000е :(

Дигиталните дисплеи не би ја намалиле цената премногу, а многу луѓе па ги сакаат. Уствари, веќе е реткост да се начека кола без некаков дигитален дисплеј и/или инфотејнмент. А Android Auto со Google Maps навигација е одлична работа.
Фигуративно класен.. фигуративно.. Дај ауто, па со апгрејди да стигнеме до „вау, глеј што може да добијам за 23.000“.
Не секој ужива и му значат техникалииве, ама и 23.000 евра сеуште не се така мала пара..
Ама ова е некој минимум за да е океј колата. А и цената е меѓу најефтините на пазарот.

Така да нема простор за надоле баш. 1к-2к макс а многу ќе се изгуби.

Со моторов не вреди да се погледне ни за 16к а камо ли за 23к.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #13 на: 22 Мај 2024, 08:59:33 am »
Турбо е моторот, не е 1.2 атмо.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5555
Одг: CARclub Тест: Opel Astra 1.2 PureTech Edition
« Одговори #14 на: 22 Мај 2024, 10:24:34 am »
Турбо е моторот, не е 1.2 атмо.
Радо би опеловиот 1.2 85 коња 4 цилиндри без турбо, овај французот неможам да го сварам во звукот, го ставаат на секој ќош во све и свашта а не го бива за к#р. Доволно е само на гугл да го напишиш, апсолутно ништо позитивно нема.





Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html