А да си живеете сега додека ви можат мадињата да шетате, искусите, видите? На 65 ќе ми се седнува да одморам и починам многу често.
Инвестирајте, мачете се, не викам не, ама дека ќе ви се живее на 65... мало морген.
Јас сум моментално на Capital, за вадење пари не сум имал проблем, ми ги префрла на трансакциска и си терам процедура за плаќање данок.
Во главном CFD на дневна база, сега ми се живее, не на 65 год., од кај знам тогаш и дали ќе бидам жив.. пу пу
Муабетот беше заштеда - за да имате добра пензија.
Иначе, сега е моментот да проживееш. Затоа и работиме.
моја логика е, 10-15% од плата неприметно ке се одели, (ова зборуваме ако зимаме пр. 2000+евра, не да се бориме месец за месец)
ке се вложат па на 50-55 да можеш порелакс и за шетање и трошење, до 65 дај боже со овој начин да дочекаме за пензија.
И 60 000 денари да имаш, 50 евра да ги даваш секој месец во некакво вложување, дали тукашен фонд или странство негде е подобро отколку да ги чуваш под перница и да ги јаде инфлација.
Така и попатно стекнуваш навика, земаш 50к плата пример, 50 евра одма на инвестирање, останатото си го трошиш за секојдневен живот.
Затоа е тој процент, 10% за некоја стартна основа на платата кога си тазе особено ако немаш и поголем ќеш настрана.
Исто така, орочување во банки не носи некаков голем бенефит, мегу 2 и 3% е заработката на парите, бидејќи кај нас банките ги даваат во обврзници парите.
Плус и што те обврзуваат да ги орочиш на одредено време.