Дали е попаметно да се земе кола во кеш ако го имаш кешот, или на кредит/лизинг па да се инвестира во ЕТФ?
Дали годишниот % поврат ја победува каматата и инфлацијата?
Како што кажаа краток период ќе биде за ЕТФ може да има 1-2 полоши години дури и во негатива да биде и целиот просек ќе ти падне ако ги споредуваш глава со глава, меѓутоа ако ја оставиш инвестицијата на 15+ години тогаш шансите се огромни да бидеш во добивка од парите инвестирани наместо дадени за колата.
Според мене сува пара не се троши, нормално избалансирај го лизингот/кредитот да биде со поволна рата да не ти биде притисок, тргни дел на страна за црни денови за да можеш да платиш 3-4 рати ако нешто неочекувано се случи и остатокот ЕТФ.
Во краен случај кеш кредит види низ банкиве, ќе платиш камата од 2% негде, што и да се случи покриен си не му ја мислиш и ако го вратиш цел кредит ти ги враќаат парите - ова ти е некој вид на присилно штедење со казна

, вака најчесто правам кога не ми се троши кеш а знам дека за неколку 6-12 месеци ќе го вратам кредитот и ќе ги добијам парите назад