Автор Тема: Банки, заштеди, сметки  (Прочитано 8369 пати)

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 360
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #75 на: 21 Јануари 2025, 09:12:27 am »
не се плаќа данок на акции кои што ги поседуваш подолго од 2 години

УЈП викаат се ослободува од данок само ако oбврзникот ги продава хартиите од вредност, кој ги стекнал по основ на наследување или подарок од прв наследен ред, по истекот на две години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (оставителот или дарувачот)... извор http://www.ujp.gov.mk/-/plakjanje/category/322

Има нешто друго каде што вика дека која било акција ако ја поседуваш повеќе од 2 години не подлежи за плаќање на данок при продажба? (мене ми нема смисла такво ослободување...)
чудно, не можев да најдам. Знам дека кога се менуваше законот пред некоја година тоа беше главната промена.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #76 на: 21 Јануари 2025, 09:12:41 am »
не се плаќа данок на акции кои што ги поседуваш подолго од 2 години

УЈП викаат се ослободува од данок само ако oбврзникот ги продава хартиите од вредност, кој ги стекнал по основ на наследување или подарок од прв наследен ред, по истекот на две години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (оставителот или дарувачот)... извор http://www.ujp.gov.mk/-/plakjanje/category/322

Има нешто друго каде што вика дека која било акција ако ја поседуваш повеќе од 2 години не подлежи за плаќање на данок при продажба? (мене ми нема смисла такво ослободување...)

Затоа што нема. Се плаќа секако 10% на разлика измеѓу куповна и продажна цена.

Еве ви...

Имаше соопштение за 2 години. Прво беше 10 години, па декември 2022 или 2023 не се сеќавам го намалија на 2 години.

едит: најдов скриншот - декември 2022

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #77 на: 21 Јануари 2025, 09:31:35 am »
Влогот ако ти е преку мастеркард ставен, ти го враќаат како рефундација на картичка, а профитот мораш на девизна да го префрлиш.

Не памтам точно што беа, ама бараа покрај изводи и договори со трејдинг212, да биле наведени во некој регистар во наеодна банка, класичната бирократија поради која 90% од МК што вадат пари од странство одат се преку странски банки\процесори, барем јас што ги знам. Инаку аппот е одличен и имаат одлична поддршка од Трејдинг 212

И што направивте на крај, како ги извадивте ? Знам дека на картичка иде само рефундација, ама ова за банка нормално кај нас мора се да е комплицирано. Јас до сега само со картичка ставам, многу големи провизии преку банка. Баш сега пуштив документи за верификација, ке пробам да извадам пари на банка да видам што ке бараат.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1878
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #78 на: 21 Јануари 2025, 10:31:54 am »

Јас си ги повлеков на Вајз. После тоа немам ставано, не знам дали нешто смениле сега. Тогаш го прашав и оној на инстаграм нз како се викаше што проповеда инвестирање и продава курсеви, му викам како ги вадите ми бараат документи, и ми вика типот го збориме тоа во тој и тој дел од курсот, малку е комплицирано со трејдинг 212 ама може да се извадат, со други зборови дечкото ништо не трејда него само продава курсеви.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4017
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #79 на: 21 Јануари 2025, 10:45:52 am »
Никој нема пари извадено од берза, све тоа е само потенцијална заработка :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #80 на: 21 Јануари 2025, 12:43:30 pm »
Влогот ако ти е преку мастеркард ставен, ти го враќаат како рефундација на картичка, а профитот мораш на девизна да го префрлиш.

Не памтам точно што беа, ама бараа покрај изводи и договори со трејдинг212, да биле наведени во некој регистар во наеодна банка, класичната бирократија поради која 90% од МК што вадат пари од странство одат се преку странски банки\процесори, барем јас што ги знам. Инаку аппот е одличен и имаат одлична поддршка од Трејдинг 212

И што направивте на крај, како ги извадивте ? Знам дека на картичка иде само рефундација, ама ова за банка нормално кај нас мора се да е комплицирано. Јас до сега само со картичка ставам, многу големи провизии преку банка. Баш сега пуштив документи за верификација, ке пробам да извадам пари на банка да видам што ке бараат.

Јас си ги повлеков на Вајз. После тоа немам ставано, не знам дали нешто смениле сега. Тогаш го прашав и оној на инстаграм нз како се викаше што проповеда инвестирање и продава курсеви, му викам како ги вадите ми бараат документи, и ми вика типот го збориме тоа во тој и тој дел од курсот, малку е комплицирано со трејдинг 212 ама може да се извадат, со други зборови дечкото ништо не трејда него само продава курсеви.

Внимавај со Вајс, има многу проблеми со трансфери во последно време. 73 дена ми заглавија трансфер, кој начелно требаше да биде комплетиран за 24 часа. Читам по коментарите кај нив на Фејсбук и други сајтови каде што може да се оставаат ривјуа, страшно лоши искуства.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #81 на: 21 Јануари 2025, 22:19:34 pm »
Шо знам, јас со Wise имам ОДЛИЧНИ искуства и други на форумов.

За разлика од Payoneer.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20210
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #82 на: 21 Јануари 2025, 23:02:43 pm »
.
« Последно менување: 22 Јануари 2025, 03:18:57 am DarthJe5us »

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1878
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #83 на: 22 Јануари 2025, 00:24:52 am »
Шо знам, јас со Wise имам ОДЛИЧНИ искуства и други на форумов.

За разлика од Payoneer.

Јас со сите имам одлично искуство, само со нашиве банки се лоши искуствата. Далеку е ЕУ од нас со регулативи од осамостојувањето на државата и генерално слаба обученост на вработените.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #84 на: 22 Јануари 2025, 09:57:43 am »
Шо знам, јас со Wise имам ОДЛИЧНИ искуства и други на форумов.

За разлика од Payoneer.

7 години сум им корисник, и се функционираше како што треба се до минатиов Ноември. Потоа сфатив дека немаат никаква реална поддршка за корисници.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #85 на: 22 Јануари 2025, 11:39:09 am »
Сега баш пробав да извадам пари од Trading212 во Шпаркасе и не успеав. Пари ставени на 17.1.2025, не сум ништо правел со нив. Повлечени на 21.1.2025, денеска 22.1.2025 стигнаа и неможам да се објаснам со банка дека сум ставил пари и сакам истите да ги повлечам. Ми бараат што сум купувал/продавал а немам ништо правено со парите. Страшно...

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #86 на: 22 Јануари 2025, 11:49:54 am »
Многу јако контролираат од народна банка и ујп, затоа банкариве го тупат, се плашат, а не ги знаат законите.

Мора така, затоа само 2 банки пропаднаа до сега ;D

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #87 на: 22 Јануари 2025, 11:59:59 am »
Ја незнам што бараат, имам доказ дека сум ги уплатил парите, имам доказ дека сум ги повлекол, преку нивна банка има се пројдено и неможе да ги прифатат. :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20210
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #88 на: 22 Јануари 2025, 12:45:21 pm »
.
« Последно менување: 22 Јануари 2025, 19:06:25 pm DarthJe5us »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #89 на: 22 Јануари 2025, 14:11:21 pm »
Заради толку тупење и безобразни провизии кај нас уште кешот царува.