@Carpathian Lord вака отприлика со колку пари би играл ти во тие работи? Пример зборам со 5.000€ заштеда најверојатно не вреди да се игра, е со 50.000€ веќе е сериозно нели?
Абе се зависи кои ти се апетитите и ризикот кој сакаш да поднесиш.
Ако сакаш помал ризик се зема индекс/ETF.
Пример VOO, SPY ... ова се акции што го следат индексот SP500, шо се 500 најдобри фирми во Америка.
Историски SP500 враќа 10% годишно.
Ете викаш 50000 да ставиш, прва година би имал 55000 еврс вкупно, втората 60500, ... и расти така
Пример: Ако си ставил 50000 долари во 2000та година и си хи заборавил, денес би имал 542000 долари.
Друга варијанта ти се обични акции како Мајкрософт, Гугл, Тесла...
Тука ризикот ти е поголем ама добивката е уште поголема.
Ако си инвестирал во Мајкрософт 50000 долари во 2000та, дднес ќе си имал 1.5 милион долари.
Nvidia - 53 милиони 😁
Мене ако ме прашаш, MSFT, Nvidia, TSLA, AMZN сигурно ќе носат уште доста профит.