Автор Тема: Opel Mokka-E  (Прочитано 3108 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Opel Mokka-E
« на: 15 Април 2024, 10:46:05 am »
Опел е шо да праиш  ;D ама се тешам што е произведено во Франција  ::)

Опел Мокка-е на струја 50кв батерија. Реално 300км автономија во град кога температурите се ОК, во зима ќе биде испод 200км. Што реално не ми смета.

На кратко, колата е произведена крај на 2022, ја купив со 5700км поминато и ќе се користи како второ возило што ќе се вози до градинка/работа/дома. На работа имам бесплатно полнење.

После извозени 200км прво на памет што ми иде е зошто не купив автомобил на струја порано  :), измислено е аутово за низ град. Тишина, спокој, инстант торк. Морам да пофалам дека дампингот е одличен па така возење по дупки, нерамен пат, калдрми е ништо за ова мало кросоверче. Многу сум изненаден позитивно од овој аспект. Поддржува до 100кв полнење и плус кај мене на секој чекор има брзи полначи па ако затреба полнењето од 20-80% е за околу 20-30минути.

Ќе се самоцитирам на пост што сум го пишал пред 3 години https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25013.msg1207345.html#msg1207345

Еднаш имав пишано претходно кога го видов во живо еве и сега, предобро изгледа.

Еве некоја слика





 

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #1 на: 15 Април 2024, 11:36:17 am »
Со здравје да се вози.

Што би рекол Стратро : ќе дојдеш на моето. (опел де)  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #2 на: 15 Април 2024, 11:47:36 am »
Убаво возило создравје да се користи, едно нешто ме интересира кај новиве опели кај маскава напред кај знакот и тој дел ли е стаклен во склоп со фаровите или пластика е тоа?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #3 на: 15 Април 2024, 11:48:04 am »
Ау браво, одлично мало количе! Информирај нè редовно за секојдневното живеење со ова. Браво!

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #4 на: 15 Април 2024, 11:54:52 am »
Со ќеф да си го возите. Штом со хибрид се осеќа леснотија во возење во град (и најчесто мртва тишина со музика) и инстантно забрзување, со целосно електрична кола е искуството уште помазно и потивко.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #5 на: 15 Април 2024, 12:32:20 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #6 на: 15 Април 2024, 13:48:35 pm »
Создравје да се вози Влатче, добра да му е среќата.

Гратис полнење на работа а? Е шо ти се вика ЕУ!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #7 на: 15 Април 2024, 14:15:47 pm »
Честито второ ауто, да ве служи без проблеми и да му се изнавозите. А како е со автономија при поголеми температури, над 25 кога ќе оптеретиш климата?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #8 на: 15 Април 2024, 17:54:05 pm »
Честито, со здравје да се вози.

Имаш дома каде да ја пуниш?

Создравје да се вози Влатче, добра да му е среќата.

Гратис полнење на работа а? Е шо ти се вика ЕУ!

Не е до ЕУ, до политиката на работодавецот е.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #9 на: 15 Април 2024, 18:10:16 pm »
Na zdravje vozenje, elektricno kako vtoro vozilo mislam deka e dobitna kombinacija

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #10 на: 15 Април 2024, 18:56:16 pm »
Со здравје да се вози, интересно возило. Пиши од време на време искуства и импресии :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7070
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #11 на: 16 Април 2024, 07:07:32 am »
Ииии, браво. Многу паметен потег, електрично за низ град, со здравје да ве разнесува секојдневно.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #12 на: 16 Април 2024, 07:52:12 am »
Фала на честитките!

Убаво возило создравје да се користи, едно нешто ме интересира кај новиве опели кај маскава напред кај знакот и тој дел ли е стаклен во склоп со фаровите или пластика е тоа?
Ма каков стаклен, све тоа е пластика  :D

Честито, со здравје да се вози.

Имаш дома каде да ја пуниш?

Создравје да се вози Влатче, добра да му е среќата.

Гратис полнење на работа а? Е шо ти се вика ЕУ!

Не е до ЕУ, до политиката на работодавецот е.
На јавниот паркинг кај мене има 3 места за полнење со CCS2 160kw ама тоа би го користел како крајно решение ако ептен ми притреба.

Честито второ ауто, да ве служи без проблеми и да му се изнавозите. А како е со автономија при поголеми температури, над 25 кога ќе оптеретиш климата?
Проблемот не е клима и висока температура колку што е температура испод 5 степена. Е тогаш рејнџот паѓа многу. Ама како што реков не ми игра тоа голема улога не планирам да искочам надвор од град со возилово. Но, има многу добра изолација и не е проблем да го возиш на отворено без замарање.

Голем плус е што преку апликација на телефон можам да контролирам полнењето да биде во толку и толку саат (на пример во периоди кога е поевтина струјата). И најдобро од се контролирање на темепратура преку апликација да ти е топло во зима и ладно во лето  :). Си местиш секој ден од понеделник до петок колата да е внатре 21 степен во 7:30 наутро.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #13 на: 16 Април 2024, 09:17:43 am »
Голем плус е што преку апликација на телефон можам да контролирам полнењето да биде во толку и толку саат (на пример во периоди кога е поевтина струјата). И најдобро од се контролирање на темепратура преку апликација да ти е топло во зима и ладно во лето  :). Си местиш секој ден од понеделник до петок колата да е внатре 21 степен во 7:30 наутро.

Истото е и кај мене во Голфот. Благодет кога е ладничко насабајле. :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #14 на: 16 Април 2024, 09:39:04 am »
Честитки, со убаво да ве служи!!!
Опел конечно извадија убави модели :)