Па ако се земат во предвид и патните трошоци, колата ќе излезе поефтино

. Колата е платена 1100 евра. Се вкупно до регистрација би излегло околу 2400 евра, што сума сумарум и не е толку лошо со оглед на понудата на возила кај нас, што ценовно, што нивната состојба.
За овие две години се доста покачени давачките за увоз, а на висината на царинските давачки, за колата на татко ми конкретно, највеќе „кумувало“ поновата година 2009, повисокото ниво на опрема.
Добро е што колата има сервисна историја, реални 145.000 км, мал сервис направен пред 5.000 км, за голем сервис има уште 25.000 км, добри гуми има.
Единствената предност при носење на возило од странство е да земеш поздрава кола, со сервисна историја, помала км, и ако ќариш регистрација и голем сервис за цената по која би ја платил колата тука, на коњ си.