Интересно прашање е дали бензискиот мотор (кој не проаѓа 15К км годишно) може да се сервисира на пример на 2 години (ако се земе дека еве ќе пројде 7,5К км годишно)
Да земеме дека ова возило поминува 80% на струја, за градски потреби како и кај мнозинството од нас.
Е тоа е прашање од милион долари, многу интересно.
Како што знаеме, зависи од многу фактори, на пример од квалитетот на маслото, стилот на возењет дали претежно е на ладно или загреано, влажноста во регионот, режимот на возење дали е агресивно или не, квалитетот на горивото, состојбата на моторот дали пропушта гасови или не низ кариките, ефикасноста на PCV вентилот и многу други фактори.
Според некои Јутуб канали што ги следам од скоро каде испитуваат масла, испаѓа дека 2 години животен век за маслото е мачкина кашлица. Ама заклучокот секогаш се сведува на истото: Маслото е ефтино, моторот не е.
Затоа си наоѓаш другарче со канал, отштрафуваш штопна, исечеш шише од 6л од вода на пола и смениш масло, сипеш ново, ни филтер немаш потреба од промена толку често ако не се изминати бајаги километри. Simple as that.