Автор Тема: Фантастична понуда за таксисти!  (Прочитано 26876 пати)

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #60 на: 04 Април 2012, 18:18:48 pm »
Условите за купување на такси возило се други, односно поголемо учество од 30-40%, макимална отплата за 3-4год и фул каско полиса...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #61 на: 04 Април 2012, 18:24:52 pm »
Taka e tocno e ama treba da se napravi sporedba cash vs leasing+drugi trosoci i da se znae kolku se isplakja. Baska dali toj leasing e operativen ? T.E. dali posle 1-2 godini koga izleguva nov model mozes da ja dades kolata kaj dealerot i da zemes nova plus da prodolzis leasingot ?
Pa ne e losa opcija zemas 2-3 koli i site pod renta (800-1000 denari od den sigurno ke odi), i posle toa 30 dena po 800 denari = 24000 denari ete pari za Leasingot (12000 denari) plus da receme 4000 za odrzuvanje i ostanuvaat 6000 denari sto ne e losa zarabotka za mesec dena. Plus Full Kasko taka da sto i da se desi se pokriva.
Toa kaj nas uste ne sum cul deka go ima. Vo Bugarija odamna nudat takvi opcii. Ima lugje sto rentaat po 4-5 novi koli i sepak imaat dobra zarabotka.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #62 на: 05 Април 2012, 14:15:57 pm »
Што е битно дали е такси или не? И зошто лизинг. Се зема кредит за автомобил и се отплаќа за 4 години. Понатаму таксистот ќе си ја вози уште 4-5, па ќе ја продаде пошто-зашто и тие пари ќе си ги искористи за учество за наредниот автомобил.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #63 на: 05 Април 2012, 18:35:11 pm »
Што е битно дали е такси или не? И зошто лизинг. Се зема кредит за автомобил и се отплаќа за 4 години. Понатаму таксистот ќе си ја вози уште 4-5, па ќе ја продаде пошто-зашто и тие пари ќе си ги искористи за учество за наредниот автомобил.
Битно е бидејки такси возило може да помине 100 000 и повеќе км годишно, а со тоа и повеќе се армортизира колата, затоа е битно ако е за такси да си кажеш дека ќе биде за такси, бидејки доколку те фатат (a ќе те фатат на редовен сервис) дека го возиш такси ти го одземаат возилото :) слично важи и за кредит  ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #64 на: 05 Април 2012, 19:28:10 pm »
Не постојат допирни точки помеѓу начинот на плаќање и колку ќе поминеш со колата годишно. Со тоа што колата ќе се вози повеќе, побрзо ќе и помине гарантен рок. Нели гаранција даваат X години или Y km.
Какво одземање возило? какви Роки 7 филмови?!???
Возило напишано на МОЕ ИМЕ е ЛИЧНО МОJA СОПСТВНОСТ!
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #65 на: 05 Април 2012, 19:29:42 pm »
Многу често кога земаш возило на лизинг имаш ограничување на број на поминати километри годишно.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #66 на: 05 Април 2012, 19:31:42 pm »
А шо напињате со тоа лизинг? Прочитај го и претпоследниот пост. Велам купување на кредит.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #67 на: 05 Април 2012, 20:11:24 pm »
Kupuvanje na kredit bara obezbeduvanje na voziloto so dopolnitelna hipoteka kolku sto mi e poznato mozebi vekje ne e taka. Kaj Leasingot opcijata e voziloto e hipoteka :). Mozebi opcijata gotovinski kredit i kupuvanje na kola so parite povekje se isplakja ???
Vo stranstvo leasingot e ogranicen so kilometri, da no sopstvenicite fino lepo si gi vrakaat. Ziveeme vo digitalna era i se e mozno so upotreba na PeCko i vistinskiot software.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #68 на: 05 Април 2012, 20:58:21 pm »
Ќе вратиш, ама ако те фатат ... Не се више толку неупатени осигурителните агенти.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #69 на: 05 Април 2012, 21:04:37 pm »
Vrakjaat i toa kako kilometraza, skoro kaj site koli. Ako ne moze preku kabel se odlemuva cipot se reprogramira i svrsena rabota. Tesko se dokazuva.
Ke bide interesno so novite sistemi kade za da dijagnosticiras ili pravis bilo sto na kolata da moras da si zakacen na internet preku kriptirana vrska i postojano da dobivas nov kod pri sekoe konektiranje na ECU-to na kolata, e togas lazenje NEMA prevara nema i ke se znae koj moze da pravi dijagnostika.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #70 на: 05 Април 2012, 23:14:53 pm »
Не постојат допирни точки помеѓу начинот на плаќање и колку ќе поминеш со колата годишно. Со тоа што колата ќе се вози повеќе, побрзо ќе и помине гарантен рок. Нели гаранција даваат X години или Y km.
Какво одземање возило? какви Роки 7 филмови?!???
Возило напишано на МОЕ ИМЕ е ЛИЧНО МОJA СОПСТВНОСТ!
Гледам не си доволно упатен во начинот на работењето на банките, како може “купено“ возило на кредит да биде твоја лична сопственост кога не си го платил целосно ??? Договорот за кредит има многу членови, а посебно за такси возило, предноста кога ќе купуваш возило за такси е што имаш повраток на ддв-то бидејки е основно средство за работа, а во врска со гаранцијата убаво рече дека е на Х км со врзан период т.е. што ќе дојде попрво, помината километража или поминат временски период. Возило кое е купено, како на пример линеата со 10% учество неможе да се вози легално такси,  затоа што такси возило поминува повеќе километри од вообичаено фамилијарно возило, а со тоа и повеќе се армортизира, за да на крај ако не плаќаш редовно кога ќе ти биде одземено, пресметката учество+рати= профит од продавање на одземеното возило да биде со позитивна вредност, а такси возило купено со учество од 10% и рата од 150 евра ја расипува претходната математика ;) и за крај доколку се правиш мангуп, го купиш со 10% учество и го возиш како такси уште на првиот сервис кој ќе дојде одприлика за еден месец :) ќе бидеш приметен, и можеби нема да ти речат ништо ама знај дека ќе бидеш пратен од луѓе кои се задолжени за таа работа, и лесно ќе ти биде одземено на лице место кога ќе ја имаш ставено таблата такси на кров ;D бидејки вториот клуч е во сопственост на банката или на лизинг компанијата :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #71 на: 07 Април 2012, 21:58:22 pm »
VTR мешаш баби и жаби, т.е. лизинг и кредит.

За банката да ти даде кредит мора да има минимун 150% гаранција дека ти ќе и го вратиш, односно да ставиш под хипотека нешто кое е бар 50% повредно од сумата која ја бараш. Притоа за да го купиш возилото ќе треба да ставиш нешто повредно од него под хипотека. Банката ја занима само да плаќаш рата редовно. Друго не ја интересира. Што сакаш ти прави со возилото пљачкај менувачници, вози го такси, чувај во гаража. Не ги боли к*р за тоа.

Покрај банката ни продавачот не се замара што ќе правиш со возилото. Ако сакаш запали го, не им чуе бидејќи парите за возилото ги има пред да ти го испорача.

Не ми е јасно кој ти ги раскажал страшниве приказни за злобната банка која одзема возила на таксисти, ама распрашај се по банкариве на форумов ќе сватиш дека те лажеле и не постои Баба Рога.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #72 на: 07 Април 2012, 22:07:34 pm »
возилото е твоја сопственост а банката има полномоштво потпишано од твоја страна и може да го продаде возилото доколку не ги плаќаш ратите. Ограничување на км има само кај оперативен лизинг

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #73 на: 07 Април 2012, 23:45:33 pm »
Гојдо за да возиш легално такси треба да имаш лиценца, и кога ќе ја имааш таа лиценца не ти се исплаќа да ја купуваш колата со “лажење“ бидејки имаш повраток на ддв-то, се прават и далавери не велам не, јас правам муабет за легално купување и дигање на кредит, или оди купи кола од Порше Македонија со обичен лизинг, што е слично на кредит, па вози ја такси на црно и види дали нема да ти ја одземат, во поново време почнаа и банките и лизинг куќите да се заштитуваат. Самото возило го оставаш како гаранција, затоа и ти е тоа учество, односно учеството е приближно на вредноста која би била загубена за неколку месеци од ново возило, за да може банката при одземањето да биде во позитива, и плус платата ти е гаранцијата дека можеш да ја издржиш ратата, а доколку е мала имаш кокредито барател (нешто како жирант) кој ќе гарантира за плаќање на ратата. Ти ако ставиш под хипотека еден стан за да купиш ново возило, според мене си несаглам :) Заострени се работите од страна на банките, бараат гаранции, административни забрани, меници, каско полиси итн.
За крај брат ми е банкар и знам како зимаа кредити пред 2-3години, знам како е сега. Знам и какви се условите на лизинг за такси возило, мнооооогу се поразлични од обичниот со 10 или 15% ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #74 на: 08 Април 2012, 00:57:35 am »
возилото е твоја сопственост а банката има полномоштво потпишано од твоја страна и може да го продаде возилото доколку не ги плаќаш ратите. Ограничување на км има само кај оперативен лизинг
Точно. Нема потреба од понатамошни објаснувања.