Дали е најдено решение за проблемот ? Кај мене прво се јави check engine со кодови за пм сензор, бев во гранд ауто па ми сменија пм сензор, иако е колата увезена од Франција од 2021 е верзијата и е дизел милд хибрид, беше под гаранција уште краток период успеав со гуд вил да го земам на околу 50% попуст пошто немаше целосна сервисна историја, иако никој не ми го понуди гуд вил како опција случајно прочитав онлајн, не помина ни една недела возев за Београд се појави check exhaust, на рестарт на колата се губи и се појавува рандом, некогаш возам до Солун без да се појави некогаш на пола пат од Скопје до Тетово се јавува, по јавување на check exhaust влегува во ECU-controlled reduced-power mode и намалува сила на моторот, со рестарт вози нормално. Пак ја однесов во гранд ауто ми барааа некој 3000 евра за нов дпф филтер пошто бил запушен, а со дијагноза на друго место, нема никаква запушеност, првично рекоја тебе под гаранција ти беше, да смениме дпф може со други зборови ги боли стап дали ќе го решат проблемот или не битно пари да земат. Ако има некој некаков совет нека пише, наредна опција е да се ипсере дпф филтер па да видиме дали ќе се среди нешто.