На темата:
Гледам дека е пишувано околу регенерација.
Која регенерација е подобра? Кога има циркулација на воздух, колата убаво си работи на автопат, добар проток на воздух или на паркинг или семафор? Колку коли се запалиле од ДПФ? ДПФ достигнува температура од 800 степени, дали би дозволиле тоа да го направи во место? И дали би го направиле тоа со присилна регенерација кај некој "дијагностичар" во гаража без проток на воздух??
Нема тука што да се дискутира која регенерација е подобра.
На нет ќе најдеш дека постојат 3 Вида регенерација, пасивна, активна и присилна.
На мојата кола не приметував воопшто дека се случува активна регенерација и сметав дека се одвива пасивната регенерација бидејки често излегував на автопат.
На времето на сите линкови како во хор описот за пасивна регенерација беше дека при подолга вожња и константна висока брзина (автопат) дпф би се загреат доволно за саѓите да почнат да согоруваат, за таа цел дпф го сместувале веднаш по издувната грана.
Прво ВлаткоКЛП ми укажа дека пасивна не се случува, потоа и самиот неколку пати увидов дека во историја стои успешно завршена активна пред толку км. Кога ќе се пресметаше испаѓаше дека сум бил на автопат и дека не сум ја приметил.
И ден денес не можам по ништо да осетам кога се одвива.
Активна регенерација се разликува од возило до возило и ќе си побараш за конкретно возило.
Присилна регенерација ја покренуваат во сервис откако повеќе пати активната нема успешно да заврши и моторот ќе влезе во лимп.
Доколку дојде момент за присилна регенерација постапката 100% би ја доверил на овластен сервис.