Милано ми е на дното од сите европски градови што сум ги посетил. Како минува времето се повеќе сфаќам дека истоков станува се подобар и подобар споредено со западот. Братислава, Прага па еве и Софија дури би ги ставил пред Милано во секое време.
Ако си го видел од Милано само Дуомо, да.
5 дена седев го видов градот и околината. И дуомо беше најсветлата точка од цел милано.
Ако мислиш на севбер од Милано и езерата тие не се вклучени во коментарот туку исклучиво градот.
3 недели поминав есента/зимата во Милано. Прво одење беше на 4-5 дена после се вратив своеволно уште 2 недели да го до-доживеам (и можам уште 2-3 месеци комотно да отседам да го изнауживам). Да, за жал голем дел од градот е населен со мигранти и уништен, ама сѐ уште има прекрасни, главно италијански населби, како Porta Venezia, Porta Romana, Porta Garibaldi, Isola, Brera, Porta Monforte, Zona Risorgimento, сите полни со локални кафулиња, ресторани, барови. Милано не се гледа, Милано се доживува и ако не знаеш кај одиш многу лесно може да ти е грд (како што повеќето го доживуваат).